Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар ја освоија титулата во Купот на Македонија. Во финалето од Купот на Македонија за кадети, фудбалерите на Вардар забележаа победа над тимот на Работнички со 1:0.
Фудбалската федерација на Македонија им донираше опрема (спортска опрема и фудбалски топки) на екипите од Супер и Првата лига (пионери, помлади пионери, кадетска и младинска конкуренција).
Ваљмир Нафиу, напаѓачот на кипарскот првак Апоел ќе биде дел од репрезентацијата на Македонија до 21 година за првиот квалификациски натпревар за пласман на ЕП на гостувањето во Исланд.
Овогодинешниот шампион на Македонија, тимот на Вардар, во Кратово ја прослави деветта шампионска титула во својата историја, осма во независна Македонија.
Репрезентацијата на ОФС Прилеп славеше победа од 3:0 против ОФС Скопје во финалниот натпревар одигран на Градскиот стадион во Велес.
Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година, Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери за квалификацискиот натпревар против Исланд кој се игра на 11. јуни на гостински терен во Хафнарфјордур.
Во вистински возбудливото финале на женскиот Куп на Македонија ЖФК Кочани го совлада неприкосновениот лидер во женскиот фудбал, ЖФК Драгон со победа од 3-2.
Работнички ја освои својата четврта титула во Купот на Македонија. Баже Илијоски и Марјан Алтипармаковски беа стрелци во победата од 2:1 против Тетекс.
Финалните натпревари за репрезентациите од Општинските фудбалски сојузи ќе се одиграат на 20. и 21. мај на Градскиот стадион во Велес.