Објавено на 21 Ноември, 2015 во Вести, Вести
Дисциплинската комисија на Уефа донесе одлука за четиригодишна суспензија на Аријан Адеми откако репрезентативецот на Македонија и фудбалер на Динамо Загреб беше позитивен на недозволени средства по натпреварот од 1. коло во Лигата на шампионите против Арсенал.
Одлуката на дисциплинската комисија на Уефа ја пренесе неговиот клуб Динамо на својата официјална интернет страна. Фудбалската федерација на Македонија сеуште нема добиено допис од Европската фудбалска асоцијација околу суспензијата на Аријан Адеми.
-Доколку одлуката за четиригодишна суспензија на Адеми е официјална, тоа е шокантно. Аријан е голем борец и работник, младо момче целосно посветен на фудбалот и доколку навистина е изречена таа суспензија тоа е голем удар за сите, за Адеми пред сѐ, потоа за неговиот клуб и репрезентацијата, изјави Саша Ќириќ, технички менаџер на А репрезентацијата на Македонија.