Објавено на 20 Ноември, 2015 во Вести, До 17 год
Македонската репрезентација на Македонија до 15 години на гостински терен ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Црна Гора. Контролните средби ќе бидат одиграни на 24 ноември со почеток од 13.00 часот и на 26 ноември со почеток од 11.00 часот.
Селекторот на нашите млади фудбалери, Дашмир Беари за овие две пресметки кои ќе се одиграат во Бар, Црна Гора ги повика следните фудбалери:
ГОЛМАНИ: Филип Џамтовски (Македонија Ѓ.П.), Нухи Јонуз (Шкупи)
ОДБРАНА: Божидар Митревски (Работнички), Нухи Небуш (Металург) Мишко Арсовски (Работнички)м Борис Јакимовски (Работнички), Баки Исмаили (Миланово);
СРЕДЕН РЕД: Давид Астарџиев (Вардар), Емил Скоко (Македонија Ѓ.П.), Агон Елези (Работнички), Кире Трпчевски (Форца), Антонио Стојановски (Пелистер), Давид Тошевски (Работнички), Едис Спахиу (Гостивар), Васко Димитров (Академија Пандев), Бајрами Мехметали (Њу Старс);
НАПАД: Димитар Тодоровски (Работнички), Лука Здравковски (Удинезе), Наум Костовски (Адмира Вакер), Филип Манасиевски (Вардар);
„ Ова за нас ќе бидат официјално првите натпревари откако е формирана оваа селекција. Ќе видиме каков ќе биде нашиот почеток. Пред нас е време на работа и создавање на една генерација која што има потенцијал и верувам дека од натпревар во натпревар ќе се запознаваме се повеќе и дека со одигрувањето на голем број натпревари ќе имаме и добри резултати. Што се однесува до самиот натпревар против Црна Гора, очекувам од фудбалерите да го дадат максимумот и да одиграаат квалитетно во текот на целата средба", изјави селекторот Дашмир Беари.