Оддржан првиот дел од УЕФА „А“ курсот

Објавено на 18 Ноември, 2015 во Вести


Центар за Едукација на тренери при ФФМ во периодот од 13 – 17 Ноември 2015 год. во Спортскиот Центар на Хотел Истатов – Нов Дојран го одржа првиот дел од курсот за добивање на XI генерација тренери кандидати за добивање на УЕФА А Тренерска Диплома.

Вредно е да се истакне дека во оваа генерација беа и поранешните наши репрезентативци Новески Николче, Ока Николов, Томе Пачовски, Деспотовски Филип, Карчев Никола, Ардијан Нухији, Георгиевски Славчо, Александар Митрески, Мегленски Тони, Миле Крстев, Драган Начевски како и Игор Стојанов, Горан Здравков, Суат Зендели, Бобан Дујковиќ, Ѓоко Илијовски

Вториот дел од курсот е закажан за 16 – 20 Декмеври 2015 година, исто така во Спортскиот Центар на Хотел Истатов.




   
   
А репрезентација