Политика на приватност

Објавено на 09 Мај, 2014 во


Последно обновено во февруари 2025 година


ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА https://ffm.mk

Ви благодариме што покажавте интерес за да ја посетите нашата веб страница  https://ffm.mk. ФУДБАЛСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА (ФФМ) како контролор на лични податоци посветува големо внимание на почитување на приватноста и заштитата на личните податоци, тоа е наш приоритет, па затоа Ве молиме внимателно да ја прочитате оваа политика за приватност.

Ве информираме дека можете да ја посетите нашата веб страница и без да ги откриете Вашите лични податоци, меѓутоа, доколку сакате да се регистрирате како наш корисник, неопходно е да ги обработуваме Вашите лични податоци. Личните податоци на корисниците на нашата веб страница се обработуваат во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Со оваа политика за приватност, Ве информираме за природата, обемот и целта за која ги собираме, користиме и обработуваме Вашите лични податоци, за начинот на кој ги штитиме Вашите лични податоци, како и за Вашите права што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци.

1.  Назив и адреса на контролорот

ФУДБАЛСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

Бул. АСНОМ бр.21, Скопје

Република Северна Македонија

Телефон: +389 2 312 92 91


Веб страница:https://ffm.mk

2.  Офицер за заштита на личните податоци

Секој посетител или корисник на оваа веб страница, може директно да контактира со нашиот офицер за заштита на лични податоци за какви било прашања и предлози во врска со заштитата на личните податоци на следната e-mail адреса dpo@ffm.com.mk

3.  Која е правната основа и целта за обработка Вашите лични податоци?

Правна основа на обработката на личните податоци

Правна основа за обработка на Вашите лични податоци на нашата веб страница преку формите „Регистрација на ФФМ“, „Регистрација на Фаншоп“, „Регистрација на eTickets”, „Најави се“, „Зачлени се“ и „Контакт“ е Вашата согласност.

Цели на обработката на личните податоци

-  Преку формата „Регистрација“ ги обработуваме Вашите лични податоци за цели на регистрација и креирање на Ваш кориснички профил со кој добивате пристап до сите информации на веб страницата на ФФМ.

-  Преку формата „Регистрација на Фаншоп“ ги обработуваме Вашите лични податоци за цели на регистрација и креирање на Ваш кориснички профил преку кој можете да купувате производи од Фаншопот на ФФМ.

-  Преку формата „Регистрација на eTickets“ ги обработуваме Вашите лични податоци за цели на регистрација и креирање на Ваш кориснички профил преку кој можете да купувате билети за натпревари по електронски пат и да добиете потврда/фактура за Вашето купување.

-  Преку формата „Најави се“ ги обработуваме Вашите податоци за да Ви овозможиме непречен пристап до сите информации на веб страницата на ФФМ

-  Преку формата „Зачлени се“, ги обработуваме Вашите лични податоци за цели на испраќање на пораки за нашите новости и поволности(директен маркетинг).

-  Преку формата „Контакт“ ги обработуваме Вашите лични податоци за цел навремено да одговориме на Вашите прашања и барања.

4.  Кои категории на лични податоци ги обработуваме?

„Регистрација“

Доколку сакате да се регистрирате со Ваш кориснички профил на нашата веб страница, потребно е да ги внесете следните Ваши лични податоци: име и презиме, електронска адреса, пол, лозинка, IP адреса (се зачувува автоматски).

„Регистрација на Фаншоп“

Доколку сакате да се регистрирате со Ваш кориснички профил на нашиот Фаншоп, потребно е да ги внесете следните Ваши лични податоци: име и презиме, електронска адреса, телефонски број, датум на раѓање, лозинка, IP адреса (се зачувува автоматски).

Податоци кои дополнително ги собираме од Вас се податоците за направените нарачки преку Фаншоп и тоа, детали за сметка, детали за испораката на нарачката и методи на наплата.

„Регистрација на eTickets“

Доколку сакате да се регистрирате со Ваш кориснички профил на eTickets, потребно е да ги внесете следните Ваши лични податоци: име и презиме, адреса, град, држава, електронска адреса, телефонски број, датум на раѓање, лозинка, IP адреса (се зачувува автоматски).

eTickets нуди можност да купите билет за натпревар по електронски пат и без да регистрирате Ваш кориснички профил.

Најави се

Откако сте веќе регистрирани корисници на https://ffm.mk, за да се најавите, потребно е да ги внесете следните Ваши лични податоци: електронска адреса, лозинка, IP адреса (се зачувува автоматски).

„Зачлени се“

Доколку одлучите да се зачлените на нашата мејлинг листа, потребно е да ги внесете следните Ваши лични податоци: електронска адреса – задолжитиелен личен податок и име и презиме, пол, датум на раѓање, место како опционални лични податоци.

„Контакт“

Доколку одлучите да комуницирате со нас користејќи ја оваа форма, потребно е да ги внесете следните Ваши лични податоци: име, електронска адреса, и останати лични податоци кои може да се најдат во содржината на Вашиот наслов и/или порака.

Со Вашето зачленување на https://ffm.mk Ви нудиме можност да се согласите со оваа Политика за приватност, но и можност да се согласите да добивате известувања за нашите понуди, новости и поволности (директен маркетинг).

Со најавување на нашата веб страница, се зачувува IP адресата доделена од давателот на Интернет услуги и датумот и времето на Вашето најавување. Ова е единствениот начин да се спречи злоупотребата на нашите услуги и да се овозможи истрага за сторена повреда, доколку е потребно. Зачувувањето на овие податоци е потребно за наша заштита. Овие податоци нема да бидат откриени на трета страна, освен ако се откријат за цели на кривично гонење или ако постои друга законска обврска за нивно откривање.

5.  Колачиња (Cookies)

Нашата веб страница користи колачиња. Колачињата се текстуални датотеки зачувани во Вашиот информациски систем преку веб пребарувачот. Многу колачиња содржат таканаречен ИД на колачето - единствен идентификатор на колачето, кој се состои од низа карактери преку кои посетените веб страници ги разликуваат веб пребарувачите на нивните корисници од другите веб пребарувачи, а со помош на единствениот идентификатор на колачето.

Како корисник, можете во секое време да спречите поставување на колачиња преку нашата веб страница со користење на соодветна поставка на веб пребарувачот или трајно да го одбиете поставувањето колачиња, а може и веќе поставените колачиња да ги избришете во кое било време преку веб пребарувачот или други софтверски програми. Ако го исклучите поставувањето колачиња преку веб пребарувачот, не ќе може во целост да ги користите сите функции на нашата веб страница.

6.  Собирање на општи податоци и информации

Нашата веб страница собира низа општи податоци и информации кога пристапувате до неа. Овие општи податоци и информации се зачувани во лог фајловите (датотеките) на серверот. Собраните податоци и информации може да се однесуваат на (1) видот на веб пребарувачот и користените верзии, (2) оперативниот систем што го користи системот за пристап, (3) веб страницата од која системот за пристап пристапува до нашата веб страница, (4) датумот и времето на пристап до веб страницата, (5) адресата на Интернет протоколот (IP адресата), (6) давателот на Интернет услуги на системот за пристап и (7) други слични информации што можат да се користат во случај на напад врз нашиот информациски систем. При користење на овие општи податоци и информации, не донесуваме заклучоци за корисникот. Наместо тоа, овие информации ни се потребни за (1) правилно да ја испорачаме содржината на нашата веб страница, (2) да ја оптимизираме содржината на нашата веб страница, (3) да обезбедиме долгорочна одржливост на нашиот информациски систем и технологијата на веб страницата, и (4) да им ги дадеме на органите за спроведување на законот информациите потребни за гонење во случај на сајбер-напад. Затоа, анонимно анализираме и собираме статистички податоци со цел да обезбедиме оптимално ниво на заштита на личните податоци што ги обработуваме. Анонимните податоци од лог фајловите (датотеките) на серверите се зачувуваат одделно од Вашите лични податоци.

7.  Заштита на личните податоци при користење на cPay модулот на CaSys како обработувач за плаќање

Интегрираната компонентата cPay на Интернационален картичен систем АД Скопје (CASYS). cPay е услуга за плаќање која овозможува безготовинско плаќање на производите и услугите на Интернет. cPay е техничка постапка со која веднаш добиваме потврда за плаќањето. Ако одберете „Плаќање со електронска платежна картичка“, Вашите податоци ќе бидат проследени до CASYS. Со селектирање на оваа опција за плаќање, Вие се согласувате Вашите лични податоци потребни за процесот на плаќањето да бидат проследени до CASYS. Податоци кои се разменуваат со CASYS за цели на реализација на процесот на плаќање и спречување злоупотреби се: почетен датум, краен датум, број на нарачка, идентификациски број, име и презиме на плаќачот, назив на банката, тип и статус.

Политиката за приватност на CASYS можете да ја погледнете на следниот линк: https://cpay.com.mk/Merchant/page/default.aspx?user_id=&session_id=&xml_id=/mk-MK/UHelp/03PrivacyPolicy/

8.  Заштита на личните податоци при користење на Facebook

Секогаш кога ќе ја посетите нашата веб страница, на која е интегрирана компонентата на Facebook (Facebook plug-in), веб пребарувачот на Вашиот информациски систем автоматски се поттикнува да испрати приказ на соодветната компонента на Facebook. Преглед на сите Facebook plug-in може да се обезбеди на https://developers.facebook.com/docs/plugins/. За време на овој технички процес, Facebook е информиран за тоа која веб страница сте ја посетиле.

Facebook секогаш прима информации за посетата на нашата веб страница, кога сте најавени на Facebook за време на посета на нашата веб страница. Доколку не сакате овие информации да се пренесуваат на Facebook, одјавете го Вашиот кориснички профил на Facebook пред да ја посетите нашата веб страница.

Упатството за заштита на податоците објавено од Facebook е достапно на https://facebook.com/about/privacy/. Тоа содржи информации за собирањето, обработката и употребата на личните податоци од страна на Facebook. Покрај тоа, објаснето е какви поставки нуди Facebook за заштита на Вашата приватност. Дополнително, достапни се различни опции на поставки, за да се оневозможи преносот на податоци на Facebook.

9.  Заштита на личните податоци при користење на Instagram

Секогаш кога ќе ја посетите нашата веб страница, на која е интегрирана компонентата Instagram (копчето Insta), веб пребарувачот на информацискиот систем на корисникот, автоматски бара да преземе приказ од соодветната Instagram компонента. Во текот на оваа техничка постапка, Instagram знае која веб страница сте ја посетиле.

Доколку истовремено сте пријавени на Instagram, Instagram ги детектира сите посети на нашата веб страница од Ваша страна и севкупното време поминато на нашата веб страница. Тие податоци се собираат преку Instagram компонентата и се поврзуваат со Вашиот Instagram профил. Ако кликнете на Instagram копчето кое е интегрирано на нашата веб страница, Instagram ги поврзува овие податоци со Вашиот личен Instagram кориснички профил и ги зачувува личните податоци. Instagram прима информации дека сте ја посетиле нашата веб страница под услов истовремено да сте пријавен на Instagram за време на посетата на нашата веб страница. Тоа се случува независно од тоа дали сте кликнале на Instagram копчето или не. Доколку не сакате овие информации да се пренесуваат на Instagram, одјавете се од Instagram профилот пред да ја посетите нашата веб страница.

Дополнителни информации и важечки одредби за заштита на личните податоци на Instagram можат да се најдат на следниот линк:

https://help.instagram.com/155833707900388, https://www.instagram.com/about/legal/privacy/.

10.  Заштита на личните податоци при користење на YouTube

Секогаш кога ќе ја посетите нашата веб страница на која е интегрирана компонентата YouTube (видео на YouTube), веб пребарувачот на Вашиот информациски систем автоматски се поттикнува да испрати приказ на соодветната компонента на YouTube. Дополнителни информации за YouTube се достапни на https://www.youtube.com/howyoutubeworks/. Во текот на овој технички процес, YouTube е информиран која веб страница сте ја посетиле.

Ако сте најавени на YouTube, YouTube ја препознава секоја посета на нашата веб страница. Овие информации се собираат од YouTube и Google и се доделуваат на вашата сметка на YouTube.

YouTube и Google добиваат информации преку компонентата YouTube дека сте ја посетилe нашата веб страница, ако сте најавени на YouTube во моментот на посетата на нашата веб страница. Ова се случува без разлика дали сте кликнале на YouTube видеозаписот или не. Доколку не се согласувате со таквиот пренос на податоци на YouTube и Google можете да се одјавите од Вашиот профил на YouTube пред да се најавите на нашата веб страница.

Одредбите за заштита на личните податоци на YouTube кои се достапни на следниот линк https://policies.google.com/privacy?hl=en, обезбедуваат информации за собирање, обработка и употреба на личните податоци од страна на YouTube и Google.

11.  Линкови до други страници

При користењето на https://ffm.mkможе да Ви бидат прикажани линкови до други страници со кои не управуваме ние. Доколку кликнете на линк на трето лице, ќе бидете насочени кон страницата на третото лице. Ве советуваме да ја погледнете Политиката за приватност на секоја страница што ја посетувате. https://ffm.mkнема контрола и не преземаме одговорност за содржината, политиките или практиките за приватност на страници или услуги на трети лица.

12.  Дали вршиме пренос на лични податоци?

Веб страницата  https://ffm.mk се хостира на сервер во Република Северна Македонија.

ФФМ не врши пренос на личните податоци на посетителите/корисниците на веб страницата.

13.  Во кој рок ги чуваме личните податоци

Вашите лични податоци ги обработуваме и чуваме само во времето потребно за постигнување на целта заради која се собрани. Ако престанала целта заради која се обработуваат или ако истече рокот на чување, пропишан во нашите интерни акти, личните податоци се бришат или се ограничува нивната обработка. Доколку одлучите да ја повлечете Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци за некоја од целите на користење на веб страницата  https://ffm.mk, Вашите лични податоци ќе бидат избришани.

14.  На кој начин ги штитиме Вашите лични податоци?

Вашите лични податоци кои се обработуваат за целите на користење на https://ffm.mkсе обработуваат согласно Законот за заштита на личните податоци.

https://ffm.mk користи двојна идентификација пред воопшто да станете корисник, односно:

-  внесување на податоци за регистрација

-  верификација со линк кој го добивате на Вашата e-mail адреса

Комуникацијата на https://ffm.mk е осигурена со https (Hypertext Transfer Protocol Secure) протокол.

ФФМ презема соодветни сигурносни мерки за заштита од неавторизиран пристап, незаконско откривање или уништување на податоците. Пристапот до личните податоци е ограничен исклучиво на овластени лица, а истиот се дава за цели на обезбедување на непречено функционирање на https://ffm.mk.

15.  Дали и на кого ги откриеме Вашите лични податоци согласно закон?

Вашите лични податоци ќе ги откриеме на надлежни државни органи за цели на водење на постапки согласно закон. За секое откривање на Вашите лични податоци, ќе водиме писмена евиденција и ќе Ве известиме на соодветен начин. Доколку во иднина се појави потреба за откривање на податоците на трето лице кои не се предвидени во оваа политика, ќе побараме Ваша согласност онаму каде што е тоа неопходно и ќе извршиме дополнување на Политиката за приватност пред таа обработка воопшто да започне.

16.   Кои се Вашите права како субјекти на лични податоци?

Право на потврда

Како субјект на лични податоци (корисник, купувач, посетител) имате право да добиете потврда од ФФМ дали ги обработуваме Вашите лични податоци.

Право на пристап

Во секое време, бесплатно имате право да добиете информации од ФФМ за обработката на Вашите лични податоци, како и копија од овие податоци. ЗЗЛП Ви гарантира пристап до следниве информации: цел на обработката, категории на личните податоци, корисници на личните податоци, роковите на чување на личните податоци,  правото на исправка или бришење на лични податоци, ограничување на обработката на лични податоци, право на поднесување барање до Агенцијата за заштита на личните податоци, постоење на автоматско донесување одлуки, вклучително и профилирање.

в) Право на исправка

Имате право да добиете исправка на Вашите неточни лични податоци без непотребно одложување. Земајќи ги предвид целите на обработката, имате право да ги дополните нецелосните лични податоци.

г) Право на бришење („Право да се биде заборавен“)

Имате право да барате бришење на Вашите лични податоци без непотребно одложување. Ние сме должни да постапиме по ваквото барање ако е исполнет еден од следните услови: личните податоци повеќе не се потребни за целите за кои се обработуваат, сте ја повлекле согласноста на која се заснова обработката, а не постои друга правна основа за обработка, сте приговарале на обработката, обработката на личните податоци е незаконита, постои законска обврска за бришење на личните податоци.

д) Право на ограничувања за обработка

Имате право да ја ограничите обработката на Вашите лични податоци, доколку е исполнет еден од следниве услови: ја оспорувате точноста на личните податоци, за период кој ќе ни овозможи да ја провериме нивната точност, обработката е незаконита, но се спротивставувате на бришењето на личните податоци, а наместо тоа бара ограничување на нивната обработка, ФФМ нема повеќе потреба да ги обработува Вашите лични податоци, но Вам Ви се потребно за воспоставување, остварување или одбрана на Вашите правни барања, приговарате на обработката, во очекување на верификација дали нашите легитимни интереси преовладуваат над Вашите интереси

ѓ) Право на преносливост на податоци

Личните податоци чија обработка ја вршиме со автоматски средства, врз основа на Ваша согласност, имате право да ги добиете во структуриран, вообичаено користен, машински читлив формат или да барате да ги пренесеме овие податоци на друг контролор, под услов ако е технички изводливо.

e) Право на приговор

Имате право да поднесете приговор до ФФМ, против обработката на Вашите лични податоци за цели на директен маркетинг. Во случај на приговор, повеќе нема да ги обработуваме Вашите лични податоци за оваа цел.

ж) Право на повлекување согласност за заштита на податоците

Согласноста за обработка на Вашите лични податоци, имате право да ја повлечете во секое време. Доколку сакате да остварите некое од Вашите права, Ве молиме пристапите до следниот линк: (да се стави линк до обрасците)

Офицерот за заштита на личните податоци ќе постапи по Вашето барање во законски предвидените рокови. За сите прашања во врска со заштитата на личните податоци, контактирајте го офицерот за заштита на лични податоци на: dpo@ffm.com.mk

17.  Дали постои возрасна граница за користење наhttps://ffm.mk?

https://ffm.mk не е наменет да биде користен од страна на лица под 16 години. Доколку дознаете дека Вашето дете кое е на возраст под 16 години без Ваша согласност има откриено лични податоци на https://ffm.mk, известете на е-адреса на офицерот за заштита на личните податоци. Доколку ние откриеме дека на е регистрирано лице помладо од 16 години, ќе ги преземеме сите мерки за бришење на личните податоци споделени од тоа лице и ќе го избришеме корисничкиот профил.

18.  Измени во Политиката за приватност

ФФМ, земајќи ги предвид искуствата на корисниците и надградувањето на функционалностите на https://ffm.mk ќе врши повремени дополнувања на оваа Политика за приватност. Ве охрабруваме да ги следите измените и дополнувањата на Политиката за приватност, а се со цел да бидете навремено информирани за заштитата на обработката на Вашите лични податоци.

19.  Право на поднесување барање до Агенција за заштита на личните податоци

Доколку сметате дека личните податоци не ги обработуваме согласно ЗЗЛП можете да се обратите до: Агенција за заштита на личните податоци, бул. „Гоце Делчев“ бр. 18 Скопје, https://www.dzlp.mk/, info@privacy.mk




   
   
А репрезентација