Објавено на 16 Мај, 2023 во Вести
ЖФК Љуботен денеска на стадионот во Ѓорче Петров во финалниот меч од Купот на Македонија во женска конкуренција успеа да слави убедлива победа против ЖФК Каменица Саса со 4:0, освојувајќи го престижниот трофеј.
Во финалната пресметка, фудбалерките на ЖФК Љуботен одиграа одличен натпревар, го надиграа својот противник и сосема заслужено се радуваа на освоениот трофеј.
Делгадо во 18. минута го отвори резултатот. Две минути подоцна, Гоја постигнува нов погодок за предност од два гола на ЖФК Љуботен.
Во продолжението од мечот, тимот на Љуботен постигна уште два погодоци, преку Силва во 51. минута и Петкова во 82. минута.
ЖФК Љуботен првпат во својата историја го подигнаа пехарот од Купот на Македонија.
ЖФК Љуботен: Магдалена Лекоска, Ива Јовановска, Мајса Бенедито, Павлинка Николовска, Присцила Силва, Александра Марковска, Анѓела Милановиќ, Елена Петровска, Бојана Петкова, Христина Јошевска, Харуми Гоја;
Тренер: Ивица Радониќ;
ЖФК Каменица Саса: Јелена Гвоздерец, Јоелма Габриел, Елма Шемсофиќ, Ана Димитровска, Вероника Николовска, Дајана Ристовска, Драгана Костова, Ана Ристовска, Алис Уолкер, Кеона Ангелика, Ленче Андреевска;
Тренер: Зоран Златковски;
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....