Македонија до 18 поразена од Словачка со 3:1 на вториот контролен натпревар

Објавено на 17 Април, 2025 во Вести, До 19 год


Репрезентацијата на Македонија до 18 години беше поразена со 3:1 од соодветната селекција на Словачка во рамките на вториот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции на тренинг центарот „Петар Милошевски", во Скопје.

Јан Брнула го отвори резултатот на средбата со погодок во 18. минута. На 2:0 зголеми Кристијан Стручка во 28. минута.  Филип Трело го постигна третиот погодок за Словачка во 45. минута.

Во продолжението од средбата избраниците на селекторот Ерхан Селими успеаа само да го намалат резултатот. Давид Стојановски беше стрелец на погодокот во 60. минута.

Првиот контролен натпревар помеѓу овие две репрезентации заврши нерешено 1:1.

Македонија: Павел Трајковски, Златко Радески, Абдулах Аслани, Лука Атанасовски, Давид Стојаноски, Адмир Љатифи, Каменчо Андоновски, Али Хисар, Андреј Мурџески, Бојан Затуроски, Стефан Марковскич;

Резерви: Давид Илоски, Онур Бешир, Горазд Ристовски, Марко Киш, Димитар Шаркоски, Назиф Цека, Емир Шаботиќ, Кренар Хоти, Албион Мусли, Џек Едвард Митревски, Игли Хасани, Аритон Мехмед;

Селектор: Ерхан Селими;





   
   
А репрезентација