Објавено на 15 Април, 2025 во Вести, До 17 год
Женската репрезентација на Македонија до 16 години забележа победа минимална со 1:0 против соодветната селекција на Грузија во рамките на вториот натпревар од Уефа развојниот турнир што се одржува во Албанија.
Елена Наумовска беше херојот на Македонија, со нејзиниот погодок во 85. минута, успеавме да славиме тешка победа над Грузија. Двете селекции одиграа доста борбен натпревар во кој беа пропуштени неколку изгледни прилики за гол.
Женската репрезентација на Македонија до 16 ја оствари и втората победа на овој контролен турнир, по победата над Бугарија во рамките на првото коло, по подоброто изведување на пенали.
Во последното коло, кое е на програмата на 18. април ќе играме со домаќинот Албанија. Овој натпревар ќе започне во 15. часот.
Македонија: Евгенија Велјановска, Лина Мицовска, Тамара Лазеска, Арба Мерко, Розита Пецева, Елена Мацевска, Ана Марија Цветковска, Ема Наневска, Нина Манасиева, Ихдина Речи, Сара Димитровска;
Селектор: Катерина Милеска;
„Голема одговорност, но и огромна привилегија“...