Објавено на 15 Април, 2025 во Вести, До 19 год
Репрезентацијата на Македонија до 18 години одигра нерешено без победник против соодветната селекција на Словачка во рамките на првата контролна средба помеѓу овие две селекции.
Во Скопје, на тренинг центарот "Петар Милошевски", во еден интересен и до самиот крај неизвесен натпревар, Македонија и Словачка одиграа 1:1.
По првите 45 минути, мрежите мируваа. Двете репрезентации имаа свои прилики кои не успеаа да ги реализираат.
Во продолжението, противникот го отвори резултатот во 54. минута. Стрелец на водечкиот погодок беше Павлик. Со гол од пенал во 77. минута, избраниците на селекторот Ерхан Селими го израмнија резултатот. Сигурен од белата точка беше Али.
Македонија: Илоски, Радевски, Ристовски, Аслани, Атанасовски, Стојановски, Љатифи, Андоновски, Киш, Шаркоски;
Втората контролна пресметка, овие две селекции ќе ја одиграат во четврток, на 17 април, со почеток во 13. часот.
„Голема одговорност, но и огромна привилегија“...