Судиска анализа за 3. коло во Прва МФЛ и 2. коло во Втора МФЛ

Објавено на 22 Август, 2023 во Вести


Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 3. коло на ПРВА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот  ФК Тиквеш - ФК Шкендија одигран на 20.08.2023 година, анализирана е ситуацијата од 27. минута.

Главен судија: Димитар Пилешков; Помошни судии: Петар Новачев и Андреј Ќамилов;

27. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден пенал за домашната екипа)

Играч од домашната екипа центрираше топка во шеснаесетникот на гостинскате екипа, на неа скокаа два притивнички играчи, играчот на домаќините ја удри топката со глава и таа удри во раката (природна положба, спуштена долу, прилепена до тело и кратко растојание) на гостинскиот играч.

Исправна  одлука  на главниот судија што дозволи играта да продолжи, раката на играчот на гостите беше во природна положба, прилепена до тело и кратко растојание помеѓу играчите.

Главниот судија во оваа ситуација беше одлично поставен, близу акцијата и имаше одличен преглед.

На натпреварот  ФК Брегалница - ФК Гостивар одигран на 20.08.2023 година, анализирана е ситуацијата од  8. минута.

Главен судија: Фуркан Идризи; Помошни судии: Дарко Јовчевски и Александар Ѓорѓевски;

8. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден пенал за домашната екипа)

Играч од екипата на домаќините центрираше од корнер, играч на гостите кратко ја одби топката во неговиот шеснаесетник, на топката која не беше во посед на ниту една екипа, тргнаа играчот што го изведе корнерот и играчот што ја одби топката, домашниот играч прв стигна до топката, ја удри и во тој момент гостинскиот играч направи недозволен старт на ногата на противникот.

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за домашната екипа поради недозволен старт на играч на гостите на ногата на домашниот играч.

Главниот судија во оваа ситуација беше одлично поставен, близу акцијата и имаше одличен преглед.

На натпреварот ФК Воска - ФК Вардар одигран на 20.08.2023 година, анализирана е ситуацијата од 8. минута.

Главен судија: Трпчевски Стојан; Помошни судии: Драган Трпчевски и Владимир Митревски;

8. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден пенал за гостинската екипа)

Играч гостинската екипа освои топка странично во шеснаесетникот на домашната екипа, во моментот кога ја удри топката, играч од домашната екипа постави нога на земја и не направи никакво движење со ногата, потоа дојде до минимален контакт помеѓу двата играча и тој контакт гостинскиот играч сакаше да го искористи за да изнуди пенал.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејќи контактот беше минимален и недоволен за пенал, ногата на играчот беше цврсто на земја и не направи никакво движење.

Главниот судија во оваа ситуација беше одлично поставен, близу акцијата и имаше одличен преглед.

На натпреварот ФК Шкупи - ФК Силекс одигран на 20.08.2023 година, анализирани се ситуациите од 6, 77 и 90+2 минута.

Главенсудија: Јован Качевски; Помошни судии: Даниел Василевски и Бранко Путилин:

6. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден пенал за домашната екипа)

Играч на домашната екипа продираше странично во шеснаесетникот на гостинската екипа, играч од гостинската екипа минимално го турна со лакт од зад грб и по тој минимален контакт играчот на домашната екипа падна.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејќи туркањето на играчот на гостинската екипа над играчот на домаќините беше минимално и недоволно за пенал.

77. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ И ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (недосудено офсајд позиција за гостинската екипа - голот е регуларен)

Играч од гостинската екипа ја имаше топката во свој посед пред шеснаесетникот на домашната екипа, пред да упати удар кон голот на домаќините, играч од домашната екипа ја удри топката и таа дојде до играч од гостинската екипа кој се наоѓаше зад претпоследнот играч од домашната екипа, ја прими и постигна гол.

Исправна одлука на главниот и првиот помошен судија, оваа ситуација беше многу тешка за проценка бидејќи играчот на домаќините пред да ја удри топката и таа стигне до играчот на гостите, имаше играч од домаќините кој се подготвуваше да шутира (мала близина меѓу играчите).

90+2 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден пенал за домашната екипа)

Играч од домашната екипа центрираше во шеснаесетникот на гостите, топката се одби од играч на домаќините и не беше во ничиј посед, до одбиената топката стигна друг играч од домаќините и пред да упати удар кон голот на гостите играч од гостинска екипа сакајќи да ја избие топката направи невнимателен и недозволен старт со нога во задниот дел од телото (удар со нога во задна ложа и задникот) на противничкиот играч.

Погрешна одлука на главниот судија што доволи играта да продолжи, во оваа ситуација требаше да досуди пенал за домашната екипа поради невнимателен и недозволен старт со нога, на играч од гостинската екипа во задниот дел од телото (удар со нога во задна ложа и задник) на противнички играч.

Како судиска комисија не сме задоволни во неколку ситуации од комуникацијата и соработката на судискиот тим.

На натпреварот ФК Струга Трим Лум - ФК Брера одигран на 21.08.2023 година, анализирани се ситуациите од 45. и 60. минута.

Главен судија: Крумислав Ѓорѓиев; Помошни судии: Слаѓан Марковски и Кристијан Џонов;

45. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден пенал за домашната екипа)

Во тек на игра тошката се одби од играч на домакините и дојде во шеснаесетникот на гостинската екипа, негов соиграч кој беше свртен со грб кон голот на гостинската екипа  ја прими топката и кога сакаше да се сврти кон голот и продолжи да игра со топката беше влечен со две раце за телото, играчот не можеше да продолжи и падна.

Погрешна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, во оваа ситуација требаше да досуди пенал за домашната екипа поради недозволен старт (влечење со две раце на тело на противник).

Главниот судија во оваа ситуација не беше добро поставен, далеку од акцијата и немаше добар преглед.

60. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден пенал за гостинската екипа)

Играч од гостинската екипа беше во посед на топката странично во шеснаесетникот на домаќините, во моментот кога сакаше да додаде топка до свој соиграч, користи минимален контакт во пределот на рамото, изгуби баланс на телото, ја додаде топката до соиграчот и падна.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејќи контактот беше минимален и без интензитет, односно недоволен за пенал.

На натпреварот помеѓу ФК Работнички - ФК Македонија Ѓ.П. немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Судиска анализа за 2коло од ВТОРА МФЛ за сезона 23/24

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 2. коло на ВТОРА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот  ФК Арсими  - ФК Саса одигран на 19.08.2023 година, анализирани се ситуациите од 15. и 36. минута.

Главен судија: Бењамин Ќерими; Помошни судии: Милан Петров и Иван Ивановиќ;

15. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден пенал за домашната екипа)

Играч од екипата на домаќините беше во посед на топката во шеснаесетникот на гостите и во очигледна шанса за гол (сам пред голманот на гостите), играчот го помина голманот и потоа сакајќи да ја избие топката од играчот, голманот направи недозволен старт на ногата.

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за екипата на домаќините поради спречување очигледна шанса за гол и доделен жолт картон за голманот на гостите.

36. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (доделен ЦРВЕН картон за гостинската екипа)

Играч од гостинската екипа додаде долга топка во половината на домаќините странично од голот, на топката која не беше во ничиј посед тргнаа  два противнички играчи, играчот на домаќините прв стигна до топката, ја удри со глава и потоа гостинскиот играч грубо (отворен ѓон) стартуваше во горниот дел од телото на домашниот играч.

Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за домаќините и доделен ЦРВЕН картон за играчот на гостите, поради груба игра (отворен ѓон во телото на противникот).

На натпреварот ФК Вардар Неготино - ФК Кожуф одигран на 19.08.2023 година, анализирана е ситуацијата од 34. минута.

Главен судија: Дени Лековски; Помошни судии: Николче Дрнковски и Дарко Василевски;

34. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден пенал за гостинската екипа)

Играч од екипата на гостите беше во посед на топката во шеснаесетникот на домаќините странично од голот, кога играчот на гостите го помина, играчот на домаќините беше турнат со интензитет со двете раце во телото, каде целта на играчот на домаќините не беше да игра со топката, туку да се спречи противникот, играчот на гостите потоа изгуби рамнотежа и падна.

Исправна одлука одлука на главниот судија, досуден пенал за гостите пради недозволен старт (намерно туркање со две раце противнички играч).

Главниот судија во оваа ситуација беше одлично поставен, близу акцијата и имаше одличен преглед.

На натпреварот  ФК Башкими - ФК Победа одигран на 19.08.2023 година, анализирана е ситуацијата од 61. минута.

Главен судија: Александар Урошевиќ; Помошни судии: Идриз Идризи Александар Гигов;

61. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (за недосудено офсајд позиција за домашната екипа - гол регуларен)

Играч од домаќините додаде топка до свој соиграч кој се наоѓаше десет метри во полето на гостите и во линија со претпоследниот играч од одбраната на гостите, соиграчот ја прими топката, ја поведе и постигна гол.

Исправна одлука на вториот помошен судија, голот е регуларен (нема офсајд позиција), бидејќи во моментот кога му беше додадена топката од соиграчот, играчот на домаќините кој постигна гол се наоѓаше во линија со претпоследниот играч од гостинската екипа.

На натпреварот  ФК Скопје - ФК Детонит одигран на 20.08.2023 година, анализирани се ситуациите од 69. и 90+3 минута.

Главен судија: Кирил Смоквоски; Помошни судии: Ајдаров Александар и Борис Трајков;

69. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден пенал за домашната екипа)

Играч од екипата на домаќините центрираше во шеснаесетникот на гостите, играч од домаќините ја удри топката со глава и таа удри во раката (неприродна положба, високо подигната и одвоена од телото) на гостински играч.

Исправна  одлука на главниот судија, досуден пенал за домашната екипа поради недозволена игра со рака (неприродна положба, високо подигната и  одвоена од телото) на гостински играч.

90+3 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (досудено офсајд позиција на гостински играч, исправно поништен гол за гостинска екипа, пенал)

Играч на екипата на гостите центрираше топка во шеснаесетникот на домаќините, топката дојде до играч на гостите кој  ја удри топката со глава и постигна гол, меѓутоа во моментот на центаршутот играчот се наоѓаше зад претпоследниот играч од одбраната на домаќините.

Исправна одлука на вториот помошен судија, голот е поништен и досуден индиректен слободен удар (офсајд позиција) за домаќините, бидејќи играчот од гостите кој постигна гол, во моментот на центаршут од соиграчот се наоѓаше зад претпоследниот играч од одбраната на домаќините.

На останатите натпревари од ВТОРА МФЛ , немаше спорни ситуации за судиска анализа.




   
   
А репрезентација