Објавено на 18 Август, 2023 во Вести
До Фудбалската Федерација на Македонија пред малку стигна
потврда од УЕФА, дека стадионот “Билјанини
Извори” во Охрид ќе биде домаќин на плеј-оф натпреварот меѓу Струга Трим Љум - Брејдаблик од Исланд
за пласман во групната фаза од Лигата на Конференции.
Поради ова одлука, натпреварувачката комисија на ФФМ е
принудена да го презакаже дуелот од 2. коло на 2. МФЛ меѓу Охрид Лихнидос и
Караорман за 30. август.
Одлуката е донесена со цел да се создадат сите неопходни
услови на стадионот во Охрид за организацијата на натпревар од УЕФА натпреварување, а
тоа првенствено се однесува на заштита на тревникот на “Билјанини Извори”.
Уверени сме дека доцната принудна промена на вистински начин ќе ја разберат двете екипи од Втората лига, кој својот натпревар требаше да го
одиграат утре и ќе бидат поддршка за македонскиот првак Струга Трим Љум во
намерата да обезбеди историски пласман во УЕФА групно натпреварување.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....