Објавено на 01 Јуни, 2023 во Вести
На 31.05.2023 на ФФМ Тренинг центарот се одржаа завршните турнири во рамки на два училишни проекти кои во текот на цела учебна година беа реализирани во 104 ООУ ширум Македонија.
Во првиот од нив кој ФФМ во соработка со ФУСМ го реализираше во текот на целата училишна година – Фудбал сега, фудбал насекаде учество зедоа 76 училишта и 6000 деца во две категории 2/3то и 4/5то одд; додека во проектот Училишен фудбал за девојчиња наменет за ученички од 4/5то одд. учество зедоа 28 училишта и повеќе од 20 ЖФК-а со 550 ученички.
Во двата проекти кои се одржуваа во речиси 40 општини ширум земјава беа опфатени ученички и ученици од кои најголем дел за прв пат се запознаваа со убавините на фудбалската игра низ редовни тренинзи кои на неделна основа се одржуваа во секое вклучено училиште, а со менторство на нивните наставници по ФЗО и тренери од вклучени фудбалски клубови кои несебично се вложија во исполнувањето на предвидените програмски содржини, а со цел фудбалот што повеќе да се доближи до секој учесник и учесничка..
По одигрување на регионалните завршници во текот на Мај во рамки на двата проекти, добиени беа учесниците од сите региони, така што денес на терените на ФФМ имавме учество на 44 најуспешни училишни екипи и повеќе од деца придружувани од нивните наставници по ФЗО како и тренери од фудбалски клубови близу нив. Натпреварите пред се од ревијален карактер без одиграни во прекрасна атмосфера, а ФФМ за сите учесници обезбеди дипломи за учество како и награди за најсреќните оваа година:
Категорија 2-3то одд.(мешани училишни екипи): 1 ООУ Бајрам Шабани, 2. ООУ Лирија, 3. ООУ Димитар Влахов и 4. ООУ М.М. Брицо
Категорија 4-5то одд.(мешани училишни екипи): 1 ООУ Ѓорѓија Пулевски, 2. ООУ Бајрам Шанбани, 3. ООУ Теффејуз и 4. ООУ Перпарими
Категорија 4-5то одд. (женски училишни екипи): 1 ООУ Тодор Ангелевски, 2. ООУ Никола Карев, 3. ООУ Кочо Рацин и 4. ООУ Васил Главинов
ФФМ им честита на сите учесници во изминатава сезона, и изразува голема благодарност до сите вклучени лица кои со својата посветеност допринесоа предвидените активности да се одвиваат во најдобар ред и денес да имаме една прекрасна завршница. Посакуваме добро здравје на сите учесници, и уште повеќе фудбалски авантури и успеси во иднина со надеж дека ќе бидеме и уште побројни веќе од почетокот на следната училишна година.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....