ФК Карпошово поддржан од ФФМ и УЕФА Фондацијата за деца дел од настанот ТЕРЕН БЕЗ ГРАНИЦИ за лица со интелектуална попреченост

Објавено на 12 Јуни, 2025 во Вести, Еднаквост


Од 6-8 јуни 2025 година во Ќустендил, Бугарија  се одржа годишниот меѓународен пријателски фудбалски натпревар помеѓу млади луѓе со интелектуална попреченост од Бугарија и Македонија.

ФК Карпошово, поддржан од ФФМ и УЕФА Фондацијата за деца, а како дел од проектот „ФУДБАЛ ЗА СИТЕ”,  отпатува на настанот со 12 лица спортисти, тренер, и 2 стручни лица. Целта на ФФМ е преку проектот „ФУДБАЛ ЗА СИТЕ”, е да им овозможи на лицата со интелектуална попреченост да играат фудбал и да го подигнат квалитетот на својот живот.

Овој настан е дел од спортскиот календар на ФАПА Бугарија и е  важен елемент на одржливи меѓународни партнерства во областа на адаптираните спортови.

Натпреварот за прв пат се одигра во градот Ќустендил, со асистенција на локалната СК Адаптирани Спортсове - Ќустендил, која го развива спортот за деца и млади со интелектиална попреченост.

Фудбалот уште еднаш докажа дека е многу повеќе од игра, тој е јазик на доверба, почит и соработка.




   
   
А репрезентација