Нашите Филип Поповски (делегат) и Игор Стојчевски (судија) на ЕП до 21 година во Словачка

Објавено на 10 Јуни, 2025 во Вести


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) информира дека Филип Поповски како делегат и Игор Сточевски како асистент судија ќе учествуваат на Европското првенство до 21 година во Словачка (9 - 28 јуни).  

Филип Поповски е назначен за делегат на УЕФА за натпреварите на стадионот во Трнава, што значи дека ќе го надгледува организацискиот дел, ги проверува условите и обезбедува спроведување на прописите.  

Игор Стојчевски ќе биде четврти судија на натпреварите, со што ја продолжува  успешната меѓународна кариераа, секако учеството на младинското Европско првенство е признание од УЕФА за неговата посветеност. 

Филип Поповски - УЕФА делегат на ЕП до 21 година:  

Ова е признание не само за мене, туку и за македонскиот фудбал. Ангажманот доаѓа после години работа на домашни и меѓународни натпревари. Го користам моментот да ја искажам благодарноста до ФФМ и УЕФА за довербата. Наша цел е да покажеме дека имаме капацитети за уште поголеми задачи.“  






   
   
А репрезентација