Објавено на 26 Декември, 2023 во Вести
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за започнување процес за воведување и имплементирање на ВАР технологија (видео помошни судии) за натпреварите на Македонската фудбалска лига (МФЛ), согласно прописите и процедурите на ФИФА.
Во врска со одлуката на Управниот одбор на ФФМ за почеток на процесот за имплементација на ВАР во нашата фудбалска лига, денеска во „Куќа на фудбалот“, работен состанок одржаа претставници на Фудбалската федерација на Македонија предводени од претседателот, Муамед Сејдини, генералниот секретар, Наталиа Божиновска Илиевска, Комесарот за натпреварување, Игор Франговски, првите луѓе на Судиската комисија во ФФМ и претставници на клубовите од Прва МФЛ.
На конструктивниот состанок се разговараше за предизвиците
со кои се соочуваат клубовите, имплементацијата на ВАР технологијата и
евентуалното формирање на Здружение на прволигаши.
- Со одлука на Управниот одбор започнавме процес за воведување ВАР технологија во МФЛ. Ќе почнеме кога ќе бидеме подготвени, сакаме да го исчистиме фудбалот од грешките кои се случуваат поради човечки фактор. Тие најважни клучни грешки повеќе нема да се случуваат, но потребно е трпение и време, затоа што судиите треба да се едуцираат и да знаат како да ја применуваат ВАР технологијата. Грешките може да се избегнат само преку едукација. Сигурен сум дека нема да се избегнат детските болести и во Македонија, знаеме дека некои ситуации дури и со ВАР асистенција нема сите да ги направи да бидат задоволни затоа што секогаш кога е вклучен човек тоа е субјективен впечаток. Важно е дека федерацијата има подготвено план, начин на финансирање, набавка на потребната техничка опрема, подготвеност за едукација на ВАР инструктори и судии, како и сите оперативни аспекти за проектот. Објективно, потребно е најмалку шест месеци за системот да се постави и да биде подготвен за употреба, пред се поради неопходната и пропишана обука што мора да ја поминат судиите и операторите, но ќе се обидеме да го скратиме тој период што е можно повеќе, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.
На состанокот во „Куќа на фудбалот“, првите луѓе на ФФМ дадоа целосна поддршка на иницијативата на клубовите за формирање на Здружение на прволигаши.
Посебна работна група составена од претставници на федерацијата и клубовите ќе работат на правните аспекти во насока Здружението на клубовите да биде усогласено со Законот за спорт и Статутот на ФФМ.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....