Објавено на 24 Јули, 2023 во Вести
Ветераните на македонската репрезентација одиграа пријателски натпревар во Приштина против фудбалските ветерани на Косово на традиционалниот турнир во чест на роденденот на легендарниот фудбалер, Фадиљ Вокри.
Поранешните македонски репрезентативци го загубија мечот со 2:1 од ветераните на Косово, но резултатот секако не беше во преден план. Турнирот имаше пријателски карактер и поважна беше дружбата меѓу поранешните фудбалери.
По завршувањето на натпреварот, претседателот на ФФК, Агим Адеми, им додели трофеј на двете селекции. Капитен на македонската селекција беше Артим Шаќири, а заеднички со останатите фудбалери оддадоа почит и пред статуата на Фадиљ Вокри.
Нашата селекција ја предводеа Менсур Неџипи - селектор, Еркан Јусуф - помошник селектор.
Џемал Зеќири, Артим Шаќири, Арбен Нухиу, Драган Начевски, Вујадин Станајковиќ, Артим Положани, Ерџан Менга, Неџат Шабани, Ќатип Османи, Куштрим Балажи, Горан Георгиевски, Џенан Хајдари, Афет Јашари, Ванчо Мицевски, Бруно Пресилски, Драган Веселиновски, Аргент Беќири, Горан Станковски.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....