Финален турнир ФФМ Детска лига 2023-2024

Објавено на 31 Мај, 2024 во Вести


Ве информираме дека во период 01-03.06.2023 на ФФМ тренинг центарот ќе се случува финалниот турнир од ФФМ Детска Лига за сезона 2023-2024.

Почнувајќи од утре во 10,00 часот, а заклучно со Понеделник во 19,00 часот на ФФМ тренинг центарот учество ќе земат најуспешните 96 екипи од цела Македонија, поделени во 6 натпреварувачки категории (2011 - 2016). Ова е само завршница на годинешното издание на ДЛ каде имавме учество на 149 клубови и 649 екипи со 10000 млади фудбалери кои имаа можност да се натпреваруваат секоја недела во рамките на своите региони.

На учесниците им посакуваме среќа на претстојните натпревари и истите да поминат во духот на фер – плејот, а воедно и упатуваме отворена покана за присуство до сите заинтересирани.

Во продолжение можете да го погледнете распоредот за финалните турнири.

ДЛ Финален турнир 24 - Распоред 01.06.2024.pdf 





   
   
А репрезентација