Женската репрезентација до 18 години против Молдавија, Велс и Хрватска во Скопје

Објавено на 16 Јуни, 2015 во Вести, До 19 год жени

Женската репрезентација на Македонија до 18 години ги започна подготовките за УЕФА развојниот турнир кој ќе го организираме во Скопје од 18-ти до 21-ви јуни.

На турнирот ќе учествуваат репрезентациите на Хрватска, Молдавија и Велс.

Распоредот на натпревари е следен:

18.06.2015, 11.00 часот, Македонија - Молдавија - Тренинг центар „Петар Милошевски“

19.06.2015, 11.00 часот, Македонија - Велс - Тренинг центар „Петар Милошевски“

21.06.2015, 11.00 часот, Велс - Молдавија - Тренинг центар „Петар Милошевски“

18.06.2015, 17.00 часот, Хрватска - Велс - Тренинг центар „Петар Милошевски“


19.06.2015, 17.00 часот, Молдавија - Хрватска - Тренинг центар „Петар Милошевски“

21.06.2015, 17.00 часот, Македонија - Хрватска - Тренинг центар „Петар Милошевски“

Селекторот на македонската репрезентација до 18 години ги повика следните фудбалерки за натпреварите против Молдавија, Хрватска и Велс:

Голмани: Викторија Панчурова (Тиверија), Магдалена Лековска (Топ Гол);

Одбрана: Александра Симоноска (Ас јунајтед), Стефани Скерлевска (Кочани), Медина Емини (Куманово Победа), Теодора Киранова (Конзули), Биљана Китанова (Топ Гол), Александра Поповска (АС Јунајтед);

Среден ред: Даниела Велеска (Топ Гол), Наташа Левкова (Борец), Весна Таневска (АС Јунајтед), Сара Хусеин (Топ Гол), Ане Бошевска (Топ Гола), Павлинка Николовска (Тиверија), Николина Трајковска (Конзули),

Напад: Бојку Шќипе (АС Јунајтед), Сара Хусеин (Топ Гол), Елена Петровска (Младост Иднина), Александра Марковска (Драгон 2014), Мила Талевска (Конзули);

-Подготовките и натпреварите од развојниот турнир на УЕФА за нас ќе бидат од голема корист за формирање на репрезентација која ќе игра квалификациски циклус во септември. Шанса за настап ќе добијат сите повикани девојки, поради повреда недостасува Симона Крстановска, но очекувам другите фудбалерки да бидат нејзина соодветна замена во нападот. Се надевам на добра игра, наша цел е да постигнеме позитивен резултат на турнирот, вели селекторот Астрид Мерко.



   
   
А репрезентација