Завршена ФФМ Детска Лига 2023-2024

Објавено на 04 Јуни, 2024 во Вести


Во период 01-03.06.2024 на ФФМ тренинг центарот се одигра финалниот турнир од ФФМ Детска Лига за сезона 2023-2024.

Во учество на 96 екипи-регионални победници и повеќе од 1500 фудбалери од 7 до 13 год., беа одиграни 96 натпревари по што ги добивме шампионите во 6 натпреварувачки категории. 

2011 – ФК Македонија ЃП; вицешамиони ФК Парк

2012 - ФК Милано; вицешамиони ФК Скупи

2013 - ФК Шкупи; вицешамиони АП Брера

2014 - ФК Форца; вицешамиони ФК Бутел 2017

2015 - ФК Фер Плеј; вицешамиони ФК Кул

2016 – ФК Форца; вицешамиони ФК Партизан

Индивидуалните признанија од завршниот турнир ги понесоа:

Категорија

Најдобар стрелец на завршен турнир

Најдобар голман на завршен турнир

2011

Јован Јанчев (Македонија ЃП)

Михаил Јовановски  (Македонија ЃП)

2012

Душан Петров (Кожуф)

Дашман Селами (Милано)

2013

Емир Османи / Еди Таири (Шкупи)

Аљкам Јашари (Шкупи)

2014

Марко Бојков (Тиквеш 1930)

Дамјан Станчевски (Форца)

2015

Стефан Стојановски (Кул)

Јустин Устијановски (Фер Плеј)

2016

Драган Галевски (Форца)

Матеј Стојковски (Форца)

Во продолжение може да ги погледнете резултатите од сите одиграни натпревари. 

ДЛ Финален турнир 2024 - Резултати 03.06.24.pdf 

ФФМ им благодари на сите учесници во изминатава сезона, им честита на најуспешните и на сите им посакува уште повеќе успеси во иднина. 




   
   
А репрезентација