Магичен гол на Алиоски за реми против Белгија

Објавено на 06 Јуни, 2025 во Вести, Вести


Македонската фудбалска репрезентација ремизираше со фаворизираната Белгија во квалификацискиот меч за Светското првенство во 2026 година.

Избраниците на Милевски одиграа борбено низ сите 90 минути, го оставија срцето на терен и најмалку што заслужија е ова реми од 1-1 на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Ова беше дуел во кој пред водството на противникот погодивме две стативи во иста акција преку Елмас и Алиоски, во вториот дел дадовме гол кој беше поништен поради милиметарски офсајд за да конечно во 86 минута дојде награда за нашата игра, Чурлинов одлично го пронајде Џани кој пак имаше уште подобра реакција и со гол за најавни шпици донесе ерупција на трибините во Скопје.

Голот за Белгија беше дело на Де Кујпер во 28 минута.

Ние имаме 5 бода по три одиграни средби, сега ни следи незгодно гостување кај Казахстан. Инаку во нашата група вечерва Велс лесно се справи со Лихтенштајн (3-0).





   
   
А репрезентација