Судиска анализа за 31. коло во Прва МФЛ и 28. коло во Втора МФЛ

Објавено на 08 Мај, 2023 во Вести


Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 31. коло на ПРВА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот  ФК Шкупи - ФК Шкендија одигран на 07.05.2023 година, анализирана е ситуацијата од 84 минута.

Главен судија: Александар Ставрев. Помошни судии: Дејан Костадинов и Гоце Петрески.

84. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден пенал)

Играч од екипата на гостите беше во посед на топка и продираше странично во шеснаесетникот на домаќините, играч од одбраната на домаќините со интензитет и на недозволен начин го повлече за рака играчот на гостите туркајќи го на земја.

Исправна  одлука  на главниот судија, досуден пенал за екипата на гостите, поради недозволен старт (влечење за рака со интензитет) на играч на екипата на домаќините над играч од екипата на гостите.

На натпреварот ФК Академија Пандев - ФК Тиквеш одигран на 07.05.2023 година, анализирани се ситуациите од 38, 46 и 71 минута.

Главен судија: Марјан Младеновски. Помошни судии:Даниел Василевски и Бранко Путилин.

38. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден пенал)

Играч од екипата на домаќините продираше странично во шеснаесетникот на гостите и близу голманскиот простор од 5.5 метри, пред него се наоѓаше играч од екипата на гостите кој ја удри топката која отиде во корнер и потоа играчот од домаќините се препна од ногата на играчот (која му беше статична) од екипата на гостите и падна.

Добра одлука на главниот судија кој беше одлично поставен и близу ситуацијата, дозволи играта да продолжи бидејки стартот на играчот од екипата на гостите беше коректен, прв ја удри топката која отиде во корнер, без да направи недозволен старт со ногата.

41 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (недосудено офсајд позиција)

Играч од екипата на гостите прими топка од свој соиграч странично од голот на домаќините и надвор од шеснаесетникот, истиот ја поведе топката влезе во шеснаесетникот на домаќините и постигна гол.

Исправна одлука на вториот помошен судија, голот е регуларен бидејки играчот кој го постигна голот, во моментот на додавање на топката од својот соиграч се наоѓаше во линија со предпоследниот играч од одбраната на домакините.

71 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (недосудено офсајд позиција)

Играч од екипата на гостите прими топка од свој соиграч централно од голот на домакините и надвор од шеснаесетникот, истиот ја поведе топката влезе во шеснаесетникот на домаќините и постигна гол.

Исправна одлука на првиот помошен судија, голот е регуларен бидејки играчот кој го постигна голот, во моментот на додавање на топката од својот соиграч се наоѓаше во линија со претпоследниот играч од одбраната на домакините.

На натпреварот ФК Струга Трим Лум - ФК Силекс одигран на 07.05.2023 година, анализирана е ситуацијата од 46 минута.

Главен судија: Игор Стојчевски. Помошни судии: Куштрим Лика и Мартин Дејаноски.

46 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден пенал)

На ничија топка во шеснаесетникот на екипата на гостите двајца противнички играчи беа со грб свртени кон голот на гостите, играчот на домаќините сакајќи да игра со топката беше спречен со невнимателен и недозволен старт (сопнување) од играч од екипата на гостите и му беше направен прекршок.

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за екипата на домаќините поради невнимателен и недозволен старт (спонување) на играч не екипата на гостите над играч од екипата на домаќините.

На останатите натпревари од ПРВА МФЛ, немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Судиска анализа за 28. коло од ВТОРА МФЛ за сезона 22/23

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 28 коло на ВТОРА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот  ФК Охрид – ФК Воска одигран на 06.05.2023 година, анализирани се ситуациите од 10, 30 и 38 минута.

Главен судија: Јован Качевски. Помошни судии: Марио Мојсоски и Јован Анѓелкоски.

10 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден пенал) 

Играч на домаќините беше во посед на топката странично во шеснаесетникот на гостите, во моментот кога сакаше да помине играч на гостите, беше задржан на надозволен начин со двете раце и беше соборен на земја (двајцата паѓаат).

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за екипата на домаќините, бидејќи играчот од одбраната на гостите на недозволен начин стартуваше над играчот на домаќините (туркање и влечење со две раце на противнички играч).

30 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден пенал)

Играч на гостинската екипа добива топка во шеснаесетникот на домаќините и шутира кон голот, топката патувајќи кон голот удира играч од одбраната на домаќините во рака која му беше во неприродна положба горе над раменици.

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за екипата на гостите и доделен жолт картон за играчот на домаќините, бидејки топката беше упатена кон голот и раката на играчот му беше во неприродна положба (горе над раменици).

38 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден пенал)

Играч од екипата на гостите продира во шеснаесетникот на домаќините, со дриблинг го поминува играчот од одбраната на домакините и овој со закаснет лизгачки старт прави прекршок на стојната нога на играчот од гостите.

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за екипата на гостите, поради недозволен лизгачки старт на нога на играч од екипата на домаќините над играч од екипата на гостите.

На останатите натпревари од ВТОРА МФЛ , немаше спорни ситуации за судиска анализа.




   
   
А репрезентација