Судиска анализа за 30. коло од ПРВА МФЛ и 25. коло од ВМФЛ (Запад и Исток)

Објавено на 02 Мај, 2022 во Вести


Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 30 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе

следните заклучоци:

На натпреварот  Фк.Брегалница - Фк.Шкупи одигран на 30.04.2022 година, анализирани се

ситуациите од 4, 47, 58, 74, 80 и 88 минута

“Главен судија: Јован Качевски. Помошни судии: Разме Бакрачески и Драган Трпчевски.

4. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)

Играч од нападот на Брегалница ја имаше во посед топката и шутираше кон голот на Шкупи,

шутнатата топка го удри во градите играчот од одбраната на Шкупи кој беше во просторот од

5,5 метри ,во својот 16- сетник. Исправна одлука на судијата играта да продолжи, топката го

удри играчот во гради ( не во рака).

47. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( Досуден удар од 11 метри)

Играч од нападот на Брегалница ја имаше топката во свој посед во 16- сетник на Шкупи, во

моментот кога ја додаваше топката кон свој соиграч, топката го удри во рака која беше во

неприродна положба ( широко одвоена од телото) играчот од одбраната на Шкупи. Исправна

одлука на судијата, досудено удар од 11 метри без дисциплинска мерка.

58. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТСУДИЈА ( Досуде удар од 11 метри)

Играч од нападот на Шкупи прими топка на околу 20 метри централно од голот на Брегалница

и тргна кон голот, играч од одбраната на Брегалница почна да го влече напаѓачот пред 16-

сетникот и продолжи два метра ВО 16- сетникот,каде што играчот падна. Исправна одлука на

судијата, досудено удар од 11 метри и дисциплинска мерка жолт картон за влечење.

74. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( НЕ досуден удар од 11 метри)

Играч на Шкупи ја имаше во посед топката странично од голот на Брегалница и центрираше

кон голот, играч од одбраната на Брегалница направи лизгачки старт за ја да блокира топката,

меѓутоа топката го удри во раката која беше потпрена на земја и во висина на рамото.

Исправна одлука на судијата играта да продолжи, бидејки раката при ударот беше во

природна положба и не го зголемуваше волуменот на телото.

80. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( Доделен втор жолт-црвен картон)

Играч од нападот на Шкупи беше во ветувачка акција на околу 25 метри странично од голот на

Брегалница, на него стартуваше играч од одбраната на Брегалница без да игра на топка.

Исправна одлука на судијата, досуден слободен удар и доделен жолт картон кој беше втор за

играчот, автоматски на играчот му беше доделен ЦРВЕН КАРТОН.

88. минута : ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( Досуден удар од 11 метри)

Играч од нападот на Брегалница центрираше топка кон голот на Шкупи, сакајки да ја блокира

топката во играчот од одбраната на Шкупи направи лизгачки старт во својот 16- сетник и

топката го удри во раката која беше високо подигната и во неприродна положба. Исправна

одлука на судијата, досудено удар од 11 метри без дисциплинска мерка ( не е шут кон гол, туку

странично од голот).

Главниот судија на овој натпревар имаше многу предизвикувачки ситуации, и истите ги

пресуди исправно, критериумот изедначен за обете екипи.

На натпреварот  Фк.Шкендија - Фк.Работнички одигран на 30.04.2022 година, анализирана е

ситуацијата од 54 минута

“Главен судија: Игор Иванов. Помошни судии:Куштрим Лика и Петар Новачев.

54 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( Досуден удар од 11 метри)

Играч од нападот на Шкендија прими топка во 16- сетникот на Работнички, со дриблинг се

ослободи од играч од одбраната на Работнички и во моментот кога сакаше да шутира кон

голот, со интензитет беше повлечен за рака т.е спречен да шутне и падна. Исправна одлука на

судијата, досудено удар од 11 метри и дисциплинска мерка жолт картон за влечење.

На натпреварот  Фк.Македонија - Фк.Академија Пандев одигран на 01.05.2022 година,

анализирани се ситуациите во 6, 16 и 84 минута

“Главен судија: Димитар Пилешков. Помошни судии: Кристијан Џонов и Ристе Ѓорѓиев

6 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( Досуден удар од 11 метри)

Играч од нападот на Македонија беше во посед на топка во 16 – сетникот на Академија Пандев

лево од голот, на него со интензитет( колено во пределот на бутот) стартуваше играч од

одбраната на Академија Пандев. Исправна одлука на судијата, досудено удар од 11 метри без

дисциплинска мерка (стартот е странично од голот и топката оди на страна) .

16 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( НЕ досудено удар од 11 метри)

По изведен удар од агол за Академија Пандев топката го удира играч од одбраната на

Македонија во пределот на ногата и раката (кои се споени во момент на ударот) е во природна

положба. Исправна одлука на судијата, играта да продолжи, нема елементи за удар од 11

метри.

84 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)

Играч од нападот на Македонија прими топка во 16 – сетникот на Академија Пандев странично

од голот, на него со интензитет стартуваше во долниот дел од ногата играч од одбраната на

Академија Пандев. Исправна одлука на судијата, досуден удар од 11 метри без дисциплинска

мерка (стартот е странично од голот).

На натпреварот  Фк.Ренова - Фк.Струга Трим Лум одигран на 01.05.2022 година, анализирани

се ситуациите во 55 и 90+2 минута

 “Главен судија: Марјан Стојановски. Помошни судии: Слаѓан Марковски и Филип Ицковски.

55. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен втор жолт – црвен картон)

Играч од нападот на Ренова беше во посед на топка и во ветувачка акција на околу 25 метри

странично од голот на Струга Трим Лум, на него стартуваше играч од одбраната на Струга и

направи прекршок спрачувајки ја ветувачката акција. Исправна одлука на судијата, досуден

слободен удар и доделен жолт картон кој беше втор за играчот, автоматски на играчот му

беше доделен ЦРВЕН КАРТОН.

Меѓутоа во иднина за вакви јасни и очигледни ситуации главниот судија мора да реагира

побрзо со доделување дисциплинска мерка (доделувањето на вториот жолт картон)..

90+2 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( НЕ доделен црвен картон)

Играч од нападот на Струга Трим Лум беше во посед на топката на околу 30 метри централно

од голот на Ренова, позади напаѓачот имаше играч од Ренова на едно метро одалечен,а пред

напаѓачот имаше последен играч од одбраната на Ренова и направи груб старт спречувајки го

напаѓачот да излезе во очигледна шанса за гол ( сам пред голманот). Погрешна одлука на

судијата е што додели жолт картон, за овој старт правилната одлука е црвен картон за

спречување очигледна шанса за гол.

 На натпреварот  Фк.Борец- Фк.Скопје одигран на 01.05.2022 година, анализирани се

ситуациите од 32, 82 и 90+4 минута.

 “Главен судија: Кирил Смоквоски. Помошни судии: Зоран Костоски и Иле Мишески.

32 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досудено удар од 11 метри)

Во 16 – сетник на Скопје топката беше во воздух, и при спуштањето го удри во рака (која беше

во природна положба) играчот од одбраната на Скопје, во продолжение на овој напад имаше

ситуација странично во 16- сетник, играч на Борец ја имаше топката во свој посед и на него со

минимален контакт без интензитет стартуваше играч од одбраната на Скопје. Исправна одлука

на судијата и во двете ситуации играта да продолжи, нема елементи за удар од 11 метри.

Единствено во втотората ситуација е доделен жолт картон за симулација( преувеличување на

контактот за да се изнуди удар од 11 метри)

82 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈАТА (НЕ досудено удар од 11 метри)

Играч на Скопје ја имаше во посед топката и шутираше кон голот на Борец, играч од одбраната

на Борец во свој 16 - сетник направи лизгачки старт за да го блокира шутот и топката го удри

играчот во раката која беше потпрена на земја во висина со рамото( природна положба).

Исправна одлука на судијата играта да продолжи, нема елементи за удар од 11 метри, рака во

природна положба.

90+4 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досудено удар од 11 метри)

Играч од нападот на Скопје беше во посед на топката малку странично во 16- сетникот на

Борец, на него минимално без никаков интензитет стартуваше играч од одбраната на Борец.

Исправна одлука на судијата ,играта се прекина (индиректен слободен удар за екипата на

Борец) и доделен жолт картон за симулација на напаѓачот.

Судиска анализа за 25 коло од ВТОРА МФЛ - ЗАПАД

На натпреварот Фк.Силекс – Фк.Тетекс одигран на 30.04.2022 година, анализирана е

ситуацијата од 84 минута

“ Главен судија: Мишо Ѓорѓиевски. Помошни судии: Горан Балески и Осман Зекири.

40 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( Досуден удар од 11 метри)

Играч на Силекс центрираше топка од удар од агол, истата дојде до соиграч во 16- сетник на

Тетекс странично од голот, на него стартуваше со лизгачки старт без да ја допре топката играч

од одбраната на Тетекс и го собори напаѓачот. Исправна одлука на судијата, досудено удар од

11 метри без дициплинска мерка.

На натпреварот Фк.Воска- Фк.Вардар одигран на 30.04.2022 година, анализирана е ситуацијата

од 90+1 минута

“Главен судија: Игор Стојчевски. Помошни судии: Даниел Василевски и Мартин Петковски

90+1 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( НЕ досудено удар од 11 метри)

Играч од нападот на Воска центрираше топка во 16- сетник на Вардар, топката не беше во

ничив посед, на неа тргнаа два играча од обете екипи, дојде до минимален контакт и без

интензитет. Исправна одлука на судијата играта да продолжи, бидејки контактот е минимален

и недоволен за удар од 11 метри.

Судиска анализа за 25 коло од ВТОРА ЛИГА – ИСТОК

На натпреварот Фк.Победа- Фк.Беласица одигран на 30.04.2022 година,анализирана е

ситуацијата од 61 минута

“Главен судија: Александар Ставрев. Помошни судии: Дејан Костадинов и Гоце Петревски

61 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАНИОТ СУДИЈА ( ДОСУДЕНО СЛОБОДЕН УДАР НАД

ГОЛМАН-ГОЛ ПОНИШТЕН)

Играч на Победа центрираше во 16- сетник на Беласица, голманот на Беласица пред да ја фати

топката со раце во голманскиот простор од 5,5 метри, беше спречен од играч од нападот на

Победа факајки го за раце голманот при скок, правејќи фаул над голманот,и потоа постигнува

гол. Исправна одлука на судијата, голот е поништен и досудено слободен удар над голманот.

НА ОСТАНАТИТЕ МЕЧЕВИ ВО ВТОРАТА ЛИГА ЗАПАД И ВТОРАТА ЛИГА ИСТОК НЕМАШЕ

ПРЕДИЗВИКУВАЧКИ СИТУАЦИИ ЗА АНАЛИЗА




   
   
А репрезентација