Објавено на 19 Април, 2023 во Вести
Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 27 коло на ПРВА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот ФК Шкендија - ФК Тиквеш одигран на 15.04.2023 година, анализирана е ситуацијата од 90+3 минута.
Главен судија: Игор Иванов. Помошни судии: Куштрим Лика и Зоран Јанкулоски;
90+3 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Не досудено офсајд позиција)
Играч од екипата на домаќините ја имаше топката во свој посед надвор од шеснасетникот на гостите и странично од голот, потоа топката ја додаде до свој соиграч кој во моментот на додавање беше во линија со предпоследниот играч од одбраната на гостите, истиот ја додаде до друг соиграч кој постигна гол.
Исправна одлука на вториот помошен судија, голот е регуларен, бидејќи играчот на домаќините во моментот кога ја додаде топката до соиграчот кој ја прими топката и асистираше за голот, се наоѓаше во дозволена позиција (во линија со предпоследниот играч од одбраната на гостите).
На натпреварот ФК Струга Трим Лум-ФК Победа одигран на 15.04.2023 година, анализирани се ситуациите од 10 и 45+1 минута.
Главен судија: Димитар Пилешков. Помошни судии: Кристијан Џонов и Ристе Ѓорѓиев.
10 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Не досуден удар од 11 метри)
Играч од екипата на домаќините беше во посед на топката во шеснаесетникот на гостите блиску до линијата, играч од екипата на гостите сакајки да избие топката направи лизгачки старт, меѓутоа пред да има контакт играчот на гостите падна, сакајки да изнуди удар од 11 метри.
Главниот судија одлично беше поставен, исправна одлука на главниот судија, играта е прекината, досуден индиректен слободен удар за екипата на гостите и доделен жолт картон за играчот на домаќините поради симулација.
45+1 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)
Играч од екипата на домаќините беше во посед на топката во шеснасетникот на гостите, над него со недозволен старт на ногата (сопнување) стратуваше играч од одбраната на гостите и направи прекршок.
Исправна одлука на главниот судија, досуден е удар од 11 метри за екипата на домаќините, поради недозволен старт на нога (сопнување) од играч на екипата на гостите над играч од екипата на домаќините.
На натпреварот ФК Силекс -ФК Брегалница одигран на 15.04.2023 година, анализирана е ситуацијата од 71 минута.
Главен судија: Ндерим Тефику. Помошни судии: Слаѓан Марковски и Мартин Петковски .
71 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( Не досудено офсајд позиција удар)
Играч од нападот на домаќините прими долга топка од соиграч, биеше кон голот на гостите, голманот на гостите кратко ја одби топката и таа дојде до друг соиграч од екипата на домаќините кој во моментот на ударот кон голот на гостите се наоѓаше позади својот соиграч и постигна гол.
Погрешна одлука на вториот помошен судија што досуди офсајд позиција, голот беше регуларен, бидејки играчот што го постигна голот во моментот кога неговиот соиграч ја упати топката кон голот на гостите, се наоѓаше позади играчот што ја упати топката.
На останатите натпревари од ПРВА МФЛ , немаше спорни ситуации за судиска анализа.
Судиска анализа за 24 коло од ВТОРА МФЛ за сезона 22/23
Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 24 коло на ВТОРА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот ФК Детонит – ФК Караорман одигран на 15.04.2023 година, анализирана е ситуацијата од 26 минута.
Главен судија: Христијан Божиновски. Помошни судии: Влатко Ѓошевски и Милош Милошевиќ.
26 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( Досудено офсајд позиција)
Играч од нападот на домаќините во шеснаесетникот на гостите биеше со глава кон голот на гостите, голманот на гостите кратко ја одби топката, на неа налета играч на домаќините и постигна гол, меѓутоа во моментот на ударот кон голот се наоѓаше пред предпоследниот играч од одбраната на гостите.
Исправна одлука на првиот помошен судија, голот е поништен поради недозволена офсајд позиција, бидејки во моментот кога топката беше упатена кон голот на гостите од старна на играч на домакините, играчот што го постигна голот се наоѓаше пред предпоследниот играч од одбраната на гостите.
На натпреварот ФК Арсими – ФК Саса одигран на 15.04.2023 година, анализирана е ситуацијата од 50 минута.
Главен судија: Марјан Дејаноски. Помошни судии: Мартин Дејаноски и Осман Зекири.
50 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( Не доделен ЦРВЕН картон)
Играч од екипата на гостите беше во посед на топка во шеснасетникот на домаќините, во моментот кога го помина и голманот и имаше очигледна шанса за гол (празен гол) последниот играч од одбраната на домаќините го повлече за дрес од позади грб спречувајки го да постигне гол, прекршокот беше направен на аголот на голманскиот простор од 5,5 метри на домаќините.
Исправно досуден удар од 11 метри за екипата на гостите, меѓутоа погрешно доделена дисциплинска мерка жолт картон, во оваа ситуација главниот судија требаше да додели ЦРВЕН картон за играчот на домаќините кој беше последен играч на одбраната, поради спречување очигледна шанса за гол, влечење за дрес од позади грб над играч од екипата на гостите кој ја има во посед топката и имаше празен гол.
На натпреварот ФК Беласица – ФК Слога Виница одигран на 15.04.2023 година, анализирана е ситуацијата од 12 минута.
Главен судија: Кирил Смоквоски. Помошни судии: Марјан Смилкоски и Борис Трајков.
12 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Не досуден удар од 11 метри)
Играч од екипата на домаќините додаде топка во шеснасетникот на гостите близу линијата на шеснасетникот, негов соиграч и противнички играч тргнаа кон топката инаку свтрени со грб спрема голот, играчот на домаќините прв стигна до топката и ја удри, отпосле, закаснето стартуваше играчот на гостите удирајки го во долниот дел од ногата (листот) играчот на домаќините.
Иако многу добро поставен, погрешна одлука на главниот судија што досуди слободен удар за екипата на гостите, во оваа ситуација главниот судија требаше да досуди удар од 11 метри за екипата на домаќините, бидејки играчот на домаќините играше со топката, а отпосле играчот на гостите го удира играчот на домаќините во ногата.
На натпреварот ФК Вардар – ФК Гостивар одигран на 14.04.2023 година, анализирани е ситуациите 8 и 37 минута.
Главен судија: Стојан Трпчевски. Помошни судии: Драган Трпчевски и Душко Панов.
8 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен жолт картон)
Играч од екипата на домаЌините беше во посед на топка на 20 метри централно од голот на гостите, играч од екипата на гостите направи недозволен старт (влечење за дрес) над играчот што беше во посед на топката и направи прекршок спречувајки ветувачка акција, а на 2 метра странично и понапред од нив се наоѓаше друг играч од одбраната на гостите , кој во оваа ситуација беше претпоследен играч.
Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за екипата на домаќините и доделен жолт картон за играчот на гостите, поради недозволен старт (влечење за дрес) и спречување ветувачка акција, бидејки играчот што го направи прекршокот не беше претпоследен играч на одбраната на гостите.
37 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен ЦРВЕН картон)
Играч на екипата на домаќините беше во посед на топката на ивицата надвор од шеснаесетникот на гостите и во очигледна шанса за гол (сам пред голман), над него на недозволен начин со лизгачки старт прекршок направи предпоследниот играч од одбраната на гостите.
Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за екипата на домаќините и доделен ЦРВЕН картон за играчот на гостите кој беше претпоследен играч на одбраната на гостите и поради спречување очигледна шанса за гол.
На останатите натпревари од ВТОРА МФЛ , немаше спорни ситуации за судиска анализа.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....