Судиска анализа за 12. коло на Прва МФЛ

Објавено на 27 Октомври, 2022 во Вести


Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 12 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот  ФК. Брегалница- ФК.Академија Пандев одигран на 25.10.2022 година, анализирани се ситуациите од 32 и 68 минута.

Главен судија: Ндерим Тефику.Помошни судии: Давор Цветановски и Мартин Дејаноски.

32 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Недосуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на домакините прими топка во шеснаесетникот на гостите и при тоа си дава подолг фор, до топката прв стигнува играч од одбраната на гостите и ја удира топката,а потоа играчот од домакините се удира во ногата на играчот од одбраната.имаше топката во свој посед странично од голот на Тиквеш, потоа ја додаде до свој соиграч кој беше во линија со предпоследниот играч од одбраната на Тиквеш и истиот играч ја центрираше топката и беше постигнат гол.

Исправна одлука на главниот судија, дозволи играта да продолжи бидејки немаше прекршок од одбранбениот играч на гостите.

68 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Недосуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на домакините додаде топка до свој соиграч во шеснаесетникот на гостите, истиот играч при центрирање на топката го погоди одбранбениот играч од гостите во рака која беше во природна положба а и растојанието помеѓу играчите беше кратко.

Исправна одлука на главниот судија, дозволи играта да продолжи бидејки во моментот кога топката го удри играчот во рака,таа му беше во природна положба и беше кратко растојаните помеѓу играчите.

На натпреварот  ФК.Работнички-ФК.Силекс одигран на 26.10.2022 година, анализирана е ситуацијата од 22 минута.

Главен судија: Александар Грујоски. Помошни судии: Куштрим Лика и Зоран Јанкулоски.

22 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (НЕ досудено офсајд позиција)

 Играч од екипата на гостите додаде топка (во шеснаесетникот на домакините) до свој соиграч кој во моментот на додавање беше во линија со предпоследниот играч од одбраната на домакините, ја прими топката и постигна гол.

Исправна одлука на првиот помошен судија играта да продолжи, бидејки играчот кога ја прими топката од соиграчот беше во линија со предпоследниот играч од одбраната на домакините, голот е регуларен.

На натпреварот  ФК.Скопје -ФК.Шкендија одигран на 26.10.2022 година, анализирана е ситуацијата од  57 минута.

Главен судија: Игор Стојчевски. Помошни судии: Даниел Василевски и Мартин Петковски.

57 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( Недосуден удар од 11 метри)

Играч од нападот на гостите беше во посед на топката во шеснаесетникот на домакините, до него имаше играч од одбраната на домакините и минимално го повлече за рамо играчот од нападот, овој контакт играчот сакаше да го  искористи за да добие удар од 11 метри и падна.

Исправна одлука на главниот судија, дозволи играта да продолжи, контактот беше минимален и недоволен за да се досуди удар од 11 метри.

На натпреварот  ФК.Шкупи-ФК.Тиквеш одигран на 26.10.2022 година, анализирана е ситуацијата од 78 минута.

Главен судија: Стојанче Стојанов. Помошни судии: Христијан Џонов и Александар Ѓорѓески .

78 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Недосудено офсајд позиција)

Играч од нападот на гостите додаде топка до свој соиграч кој во моментот кога му беше додадена топката беше во линија со голманот на гостите кој беше надвор од својот шеснаесетник сакајки да ја избие топката, а пред нив имаше само еден играч од одбраната на домакините.Играчот на гостите од примената топка на соиграчот постигна гол

Исправна одлука на вториот помошен судијата, голот е регуларен бидејки во момент на примањето на топката играчот од екипата на гостите беше во линија со голманот на домакините и еден играч од одбраната на домакините се наоѓање пред нив.

На натпреварот ФК.Победа-ФК.Струга Трим Лум немаше спорни ситуации за судиска анализа.




   
   
А репрезентација