Објавено на 20 Октомври, 2022 во Вести
Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 11 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот ФК.Победа - ФК.Академија Пандев одигран на 15.10.2022 година, анализирана е ситуацијата од 14 минута.
Главен судија: Крумислав Ѓоргиев. Помошни судии: Кристијан Џонов и Драган Трпчевски
14 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Не досуден удар од 11 метри)
Центрирана топка во шеснаесетникот на домакините, на топката тргнаа двајца противнички играчи, играчот од нападот на гостите оди да ја удри топката, но пред него прв доага играч од екипата на Победа кој ја избива топката и играчот од нападот паѓа.
Исправна одлука на главниот судија, дозволи играта да продолжи, бидејки немаше елементи за удар од 11 метри. Главниот судија одлично позициониран и имаше убава прегледност
На натпреварот ФК.Работнички -ФК.Шкендија одигран на 15.10.2022 година, анализирани се ситуациите од 59, 68 и 75 минута.
“Главен судија: Стојанче Стојанов. Помошни судии: Даниел Василевски и Мартин Петковски.
59 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Недосуден удар од 11 метри)
Играч од екипата на гостите беше во посед на топка во шессетникот на домакините, си ја додаде топката нанапред и во моментот кога играчот од одбраната на Работнички испружи нога, играчот од гостите падна без да има контакт,сакајки да изнуди удар од 11 метри.
Исправна одлука на главниот судија, досуден идиректен слободен удар против играчот од нападот на гостите и доделен жолт картон за симулација.
68 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Недосуден удар од 11 метри и доделен втор жолт –ЦРВЕН картон)
Играч од екипата на гостите беше во посед на топката во шеснаесетникот на домакините, си ја додаде топката во фор, на топката тргна и голманот на домакините сакајки да стигне до неа, но играчот од нападот прв стигна до неа, ја удри топката и падна сакајки да изнуди удар од 11 метри.
Исправна одлука на главниот судија, досуден индиректен слободен удар против играчот од нападот на гостите и доделен жолт картон за симулација.Бидејки тоа беше втор жолт за истиот играч, автоматски му беше доделен ЦРВЕН Картон.
75 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен ЦРВЕН картон)
Играч од екипата на домакините додаде топка до свој соиграч кој има отворен простор и е централно од голот на гостите на 25 метра од голот. Пред да ја прими топката и да излезе сам пред голот, играчот на домакините беше неспортски фаулиран од предпоследниот играч од одбраната на гостите.
Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар и доделен ЦРВЕН картон за играчот од одбраната на гостите, бидејки спречи очигледна шанса за гол.Иако до играчот кој беше фаулиран странично на 2 метра од него, имаше одалечен друг играч од одбраната на гостите, дисциплинската мерка е исправна бидејки играчот ако ја примеше топката ке беше во очигледна шанса за гол.
На натпреварот ФК.Брегалница -ФК.Силекс одигран на 15.10.2022 година, анализирана е ситуацијата од 24 минута.
“Главен судија: Игор Иванов. Помошни судии: Давор Цветановски и Мартин Дејаноски.
24 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Досуден гол)
Центрирана топка во шеснаесетникот на гостите, играч од екипата на домакините ја удри топката со глава, истата се одби од стативата и со целиот свој обем ја помина гол линијата, по што голманот закаснето ја одбива топката во поле.
Исправна одлука на првиот помошен судија што досуди гол, бидејки топката со целиот свој обем ја помина гол линијата.Исто така да се напомене дека и главниот судија беше одлично поставен во оваа ситуација и имаа добра соработка.
На натпреварот ФК. Шкупи – ФК.Струга Трим Лум одигран на 16.10.2022 година анализирана е ситуацијата од 53 минута.
Главен судија: Александар Ставрев. Помошни судии: Дејан Костадинов и Гоце Петрески.
53 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)
Играч од одбраната на гостите во својот шеснаесетник со глава ја врати топката до својот голман, на неа тргнаа голманот и играч од одбраната на домакините, голманот прв стигна до топката и ја изби со раце и во тој момент дојде до судир (со телата) на голманот и напаѓачот.
Премногу тешка ситуација за проценка за главниот судија, сепак одлуката на судијата е погрешна, во оваа ситуација требаше да се досуди директен слободен удар за голманот на гостите, бидејки прв стигна и ја изби топката, па потоа дојде до судир со играчот на домакините. Напомена уште еднаш дека ова е премногу тешка ситуација за проценка за судијата.
На натпреварот Фк.Македонија Ѓ.П- Фк.Скопје, немаше спорни ситуации за судиска анализа.
Судиска анализа за 8 коло од ВТОРА МФЛ за сезона 22/23
Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 8 коло на ВТОРА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот ФК. Детонит - ФК.Борец одигран на 16.10.2022 година анализирана е ситуацијата од 45+2 минута.
Главен судија: Миле Лазов. Помошен судија: Ване Дупкаров и Ване Данаилов.
45+2 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен ЦРВЕН картон)
Играч од екипата на домакините беше во посед на топката на околу 25 метри од голот на гостите, исграчот ја шутна топката кон голот на гостите и голманот на гостите кој беше надвор од својот 16 – сетник со рака ја спречи топката да оди кон голот, односно спречи очигледна шанса за гол.
Исправна одлука на главниот судија, доделен ЦРВЕН картон за голманот на гостинската екипа за намерно играње со рака надвор од својот шеснаесетник, спречување очигледна шанса за гол.
На натпреварот Фк. Беласица - Фк.Воска одигран на 16.10.2022 година анализирани се ситуациите од 25 и 35 минута.
Главен судија:Игор Стојчевски. Помошен судија: Дејан Димитриевиќ и Милош Милошевиќ.
25 минута: ДОБРА ПРОЦЕНА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Недосуден слободен удар над голман)
Центрирана топка во шеснаесетникот на домакините,во група се наоѓаа повеке играчи од обете екипи, голманот скокна и ја фати топката со раце, меѓутоа при паѓањето се удри од свој соиграч и топката му испадна од раце, на неа налета играч од екипата на гостите и постигна гол.
Исправна одлука на главниот судија, голот е регуларен и исправно не е досуден слободен удар над голманот на домакините бидејки немаше елементи за тоа.
35 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Недосудено офсајд позиција)
Играч од екипата на гостите додаде топка во празно кон свои соиграчи, едниот соиграч се наоѓаше во офсајд позиција меѓутоа не покажа дека сака да игра со топка и не неправи никакво движење спрема топката,топката дојде до другиот соиграч кој во момент на додавање беше метро позади предпоследниот играч од одбраната на домакините, ја прими топката и постигна гол.
Исправна одлука на првиот помошен судија, голот е регуларен, одлична примена на правилата на фудбалска игра од страна на помошниот судија (сочекај и види) офсајд ситуација.
На натпреварот ФК.Пелистер- ФК.Слога Виница одигран на 16.10.2022 година анализирани се ситуациите од 1, 50 и 90+2 минута.
Главен судија: Ндерим Тефику. Помошен судија: Александар Ѓурковски и Стефан Петровски.
1 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (НЕдосудено офсајд позиција)
Центрирана топка од удар од агол за екипата на домакините, топката дојде на втората статива од голот на гостите, играч од нападот на домакините ја врати топката до соиграч кој во моментот на додавање пре себе имаше само еден играч од екипата на гостите и постигна гол.
Погрешна одлука на првиот помошен судија, голот не е регуларен, требаше да се досуди офсајд позиција, бидејки играчот во моментот кога беше проигран пред себе немаше минимум двајца противнички играчи.
50 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (ДОСУДЕН ГОЛ)
Центрирана топка во 16 – сетникот на гостите, играч од нападот на домакините со глава ја удри топката кон голот на гостите која влезе во голот со целиот свој обем, и голманот со закаснета реакција ја изваде од голот.
Исправна одлука на вториот помошен судија, голот е регуларен, топката со целиот свој обем ја помина гол линијата.
90+2 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (НЕдосудено офсајд позиција)
Играч на домакините додаде топка до свој соиграч кој во монетот на додавање беше во линија со предпоследниот играч од одбраната на гостите, истиот ја додаде до друг соиграч кој постигна гол.
Исправна одлука на вториот помошен судија, голот е регуларен бидејки играчот во момент на додавање на топката од свој соиграч се наоѓаше во линија со предпоследниот играч од одбраната на гостите.
На натпреварот ФК Охрид - ФК Караорман одигран на 16.10.2022 година анализирани се ситуациите од 77 и 90+6 минута.
Главен судија:Александар Грујоски. Помошен судија: Куштрим Лика и Зоран Јанкуловски.
77 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Недосуден удар од 11 метри)
Играч од екипата на домакините беше во посед на топката, истиот влегува помеѓу два противнички играчи и почнува предвреме да паѓа сакајќи да искористи минимален контакт.
Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки немаше елементи за удар од 11 метри, во оваа ситуација главниот судија се наоѓа одлично позициониран и има комплетна прегледност.
90+6 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( Доделен втор жолт-ЦРВЕН картон)
Играч на домакините намерно со лакт прави опструкција над играчот на гостите кога топката веке беше излезена надвор од теренот за игра.
Исправна одлука на главниот судија, доделен жолт картон на играчот за неспортска игра и бидејки тоа му беше втор жолт,автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.
На останатите натпревари од 2 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....