Објавено на 12 Октомври, 2022 во Вести
Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 10 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот ФК.Тиквеш - ФК.Македонија Ѓ.П одигран на 08.10.2022 година, анализирани се ситуациите од 43 до 48 минута.
Главен судија: Јован Качески. Помошни судии: Давор Цветановски и Мартин Петковски.
43 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Не досуден слободен удар)
Двајца противнички играчи беа во борба за топка на средината на теренот, играчот од екипата на домакините невнимателно во борба за топката,за да се оттргне од играчот на гостите со испружена рака направи прекршок. Играчот на домакините ја освои топката, ја додаде до свој соиграч каде имаше уште 3- 4 додавања, беше одбранета и од голманот на гостите, па постигнат гол.
Во оваа ситуација, голот се постигнува после неколку додавања помеѓу соиграчите на домакините, поради тоа голот е регуларен.
48 минута:ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри).
Во шеснаесетникот на гостите, играч од нападот на домаќините шутираше кон голот на гостите, играчот од одбраната на гостите сакајќи да ја блокира топката направи лизгачки старт со рацете високо подигнати и во неприродна положба и топката го удри во раката (лактот) .
Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри за игра со рака која беше во неприродна положба и доделен жолт картон за играчот, бидејки шутот беше упатен кон голот.
На натпреварот Фк.Силекс-Фк. Победа одигран на 09.10.2022 година, анализирана е ситуацијата од 57 минута.
Главен судија: Стојанче Стојанов. Помошни судии: Кристијан Џонов и Тоше Ицев.
57 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА И СОРАБОТКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА И ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Недосуден удар од 11 метри)
Центрирана топка во 16- сетникот на гостите, при центаршутот топката го удри во рака играчот од одбраната на гостите која му беше спуштена доле и во природна позиција, исто така и дистанцата беше кратка.
Исправна одлука на главниот судија во соработка со првиот помошен судија (ситуацијата се одвиваше пред него) што дозволија играта да продолжи, бидејки во ваква ситуација кога раката на играчот е во природна положба не се досудува казнен удар.
На натпреварот ФК.Академија Пандев-ФК.Шкупи одигран на 09.10.2022 година, анализирани се ситуациите од 33 и 80 минута.
Главен судија: Крумислав Ѓорѓиев. Помошни судии: Гоце Петрески и Даниел Василевски.
33 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен втор жолт-ЦРВЕН картон)
Играч од одбраната на гостите пред својот шеснаесетник го намерно и неспортски го влечеше за дрес играчот од нападот на домакините, до кого беше додадена топката, но со грб свртен спрема голот на гостите.
Исправна одлука на главниот судија што додели жолт картон за неспортско (блатантно) влечење, бидејки тоа беше вторт жолт за играчот, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.
80 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен втор жолт-ЦРВЕН картон)
На средина на терен играчот од екипата на гостите невнимателно стартуваше на ногата (колено) на играч од екипата на домакините и направи прекршок.
Исправна одлука на судијата, доделен жолт картон и бидејки тоа му беше втор жолт, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон. Да се напомене, ако стартот беше со поголем интензитет тогаш дисциплинска мерка треба да е директен црвен картон.
На натпреварот ФК. Шкендија – ФК.Брегалница одигран на 09.10.2022 година анализирана е ситуацијата од 86 минута.
Главен судија: Александар Ставрев. Помошни судии: Дејан Костадинов и Куштрим Лика.
86 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен втор жолт – ЦРВЕН картон)
Играч од нападот на домакините беше во посед на топката на 35 метри од голот на гостите, на него стартуваше (на нога) играч од одбраната на гостите, кој не му беше цел да игра со топката туку да направи прекршок.
Исправна одлука на судијата, доделен жолт картон за стартот, бидејки тоа беше втор жолт за играчот, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.
На натпреварот ФК.Скопје- ФК.Работнички, немаше спорни ситуации за судиска анализа.
Судиска анализа за 7 коло од ВТОРА МФЛ за сезона 22/23
Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 7 коло на ВТОРА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот ФК. Воска- ФК.Слога Виница одигран на 08.10.2022 година анализирана е ситуацијата од 14 минута.
Главен судија: Александар Урошевиќ. Помошен судија: Дарко Јовчевски и Идриз Идризи.
14 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)
Центрирана топка од удар од агол за екипата на домакините, топката дојде до играч од екипата на домакините кој пред да ја удри топка со глава, беше повлечен за рака од играч од одбраната на гостите и беше спрачен да игра со топката.
Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри за влечење противнички играч.
На натпреварот ФК. Беса - ФК.Тетекс одигран на 08..10.2022 година анализирана е ситуацијата од 20 минута.
Главен судија: Марјан Стојановски. Помошен судија: Осман Зекири и Мишо Ѓорѓиоски.
20 минута: ДОБРА ПРОЦЕНА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)
Играч од нападот на гостите ја имаше во посед топката, свртен со грб спрема голот и странично во шеснаесетникот на домакините, на него несмасно стартуваше играч од одбраната на домакините и го удри играчот во ногата( листот).
Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри без дисциплинска мерка.
На натпреварот ФК. Детонит - ФК.Пелистер одигран на 09.10.2022 година анализирана е ситуацијата од 60 минута.
Главен судија: Игор Стојчевски. Помошен судија: Зоран Саздовски и Александар Недевски.
90 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)
Центрирана топка од слободен удар за екипата на домакините странично од голот на гостите, центрираната топка дојде до втората статива од голот на гостите, каде што играчот на домакините сакајки да ја удри топката со глава при скокот беше влечен за дрес од играч од одбраната на гостите и спречен да игра со топката.
Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри, исправно доделен жолт картон за влечење за дрес,спречување на играчот да игра со топка.
На натпреварот ФК. Борец - ФК.Охрид одигран на 09.10.2022 година анализирани се ситуациите од 55 и 82 минута.
Главен судија:Бењамин Керими. Помошен судија: Александар Николовски и Филип Николов.
55 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Недосудено офсајд позиција)
Играч од екипата на гостите беше во посед на топката, истиот ја додаде до свој соиграч кој во моментот на додавање беше во линија со предпоследниот играч од одбраната на домакините и постигна гол.
Исправна одлука на вториот помошен судија, голот е регуларен.
82 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( Доделен ЦРВЕН картон)
Во прекин игра, играч од екипата на домакините сакаше да спречи брзо изведување на слободниот удар за гостинската екипа, дојде до конфронтација и играчот од домакините со рака го удри во пределот на градите играчот од гостите, а потоа и го одтурна во пределот на вратот.
Исправна одлука на главниот судија, доделен црвен картон за играчот од домакините.
На натпреварот ФК. Гостивар- ФК. Беласица одигран на 09.10.2022 година анализирани се ситуациите од 22 и 77 минута.
Главен судија:Александар Василевски. Помошен судија: Горан Милошевски и Бесарт Абдули.
22 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА(Досудено офсајд позиција)
Играч од екипата на домакините шутираше кон голот на гостите, топката дојде до негов соиграч кој во момент на шутот беше позади предпоследниот играч од одбраната на гостите , ја удри топката и постигна гол.
Исправна одлука на вториот помошен судија, досудено офсајд позиција бидејки играчот во момент на додавањето од својот соиграч се наоѓаше позади предпоследниот играч од одбраната на гостите.
77 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Не досуден удар од 11 метри)
Играч од екипата на домакините беше во посед на топка страничноо во 16- сетникот на гостите, дојде до минимален контакт со играч од одбраната на гостите, и тој контакт играчот на домакините сакаше да го искористи да изнуди удар од 11 метри.
Исправна одлука на главниот судија играта да продолжи, одлична поставеност и прегледност на судијата во оваа ситуација, контактот беше минимален и недоволен за да се досуди удар од 11 метри.
На натпреварот ФК. Саса - ФКВардар одигран на 09.10.2022 година анализирани се ситуациите од 24 и 48 минута.
Главен судија: Игор Иванов. Помошен судија: Андреј Ќамилов и Александар Ајдаров.
24 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)
Играч од екипата на гостите ја прима топка на гради во шеснаесетникот на домакините, си ја додава топката странично од голот и голманот на домакините кој е во налет го турка играчот.
Исправна одлука на судијата, досуден удар од 11 метри за туркање, да се напомене дека главниот судија е одлично поставен и има јасна прегладност во оваа ситуација.
48 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)
Играч од екипата на домакините беше во посед на топката странично во 16 – сетникот на гостите, на него стартуваше (сопнување) играч од одбраната на гостите сакајки да избие топка играч од екипата на гостите и направи прекршок.
Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри за сопнување, и во оваа ситуација одлична поставеност и прегледност на главниот судија.
На останатите натпревари од 2 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....