Судиска анализа на 32. коло од Прва МФЛ и 26. коло во Втора МФЛ

Објавено на 09 Мај, 2022 во Вести


Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 32 коло на ПРВА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот  ФК Шкендија - ФК Шкупи одигран на 08.05.2022 година, анализирана е ситуацијата од 90+6 минута;

Главен судија: Александар Ставрев; Помошни судии: Дејан Костадинов и Гоце Петрески;

90+6 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)

Играч од нападот на Шкендија ја имаше топката во свој посед странично во шеснаесетникот на Шкупи и со грб свртен спрема голот, на него стартуваше играч од одбраната на Шкупи сакајки да избие топката го сопна играчот од нападот. Исправна одлука на судијата, досудено удар од 11 метри без дисциплинска мерка.

Воедно, како Судиска комисија упатуваме честитки за одличната арбитража и менаџирање на целата судиска четворка на овој исклучително тежок натпревар.

На натпреварот  ФК Академија Пандев - ФК Работнички одигран на 08.05.04.2022 година, анализирана е ситуацијата од 49 минута;

Главен судија: Стојанче Стојанов; Помошни судии: Петар Новачев и Зоран Костовски;

49. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)

Центрирана топка во шеснаесетникот на Академија Пандев, топката одеше кон играч од нападот на Работнички кој беше турнат од зад грб и спречен да игра со неа. Исправна одлука на судијата, досуден удар од 11 метри, меѓутоа треба да се додели и жолт картон за туркањето (не е доделен).

На натпреварот  ФК Брегалница - ФК Тиквеш одигран на 08.05.2022 година, анализирани се ситуациите од 42 и 68 минута;

Главен судија: Ндерим Тефику; Помошни судии: Марти Петковски и Бојан Андевски;

42. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Нема офсајд позиција)

Играч од нападот на Брегалница центрираше топка во шеснаесетникот на Тиквеш и дојде до свој соиграч кој беше во линија со претпоследниот играч од одбраната на Тиквеш и постигна гол. Исправна одлука на првиот помошен судија голот да се признае, бидејќи нема офсајд позиција.

68. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( Досудено офсајд позиција)

Играч од нападот на Брегалница ја имаше топката во свој посед странично од голот на Тиквеш и центрираше во шеснаесетникот, топката дојде до свој соиграч кој беше понапред од претпоследниот играч од одбраната на Тиквеш и постигна гол. Исправна одлука на вториот помошен судија голот да не се признае, бидејки се наоѓаше во офсајд позиција при примање на топката (постигнување гол).

На натпреварот  ФК Ренова - ФК Скопје одигран на 08.05.2022 година, анализирана е ситуацијата од 34 минута;

Главен судија: Владимир Ѓорѓиевски; Помошни судии: Давор Цветановски и Мартин Дејаноски;

34. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА  (Досудено индиректен слободен удар)

Играч од нападот на Ренова во шеснаесетникот на Скопје беше паднат на земја, до него имаше двајца играчи на Скопје, истиот играч ја подигна со двете нозе топката од земја и ја префрли до свој соиграч кој постигна гол. Исправна одлука на судијата голот да не се признае и да се досуди индиректен слободен удар за екипата на Скопје, бидејки не е дозволено топката да се држи во свој посед со обете нозе (искористување на правилата на фудбалската игра)

На останатите мечеви од 1 МФЛ немаше предизвикувачки  ситуации за судиска анализа;

Судиска анализа за 26. коло од ВТОРА МФЛ - ЗАПАД

На натпреварот ФК Воска - ФК Беса одигран на 07.05.2022 година, анализирана е ситуацијата од 20 минута;

Главен судија: Доне Ристовски; Помошни судии: Тоше Ицев и Давор Дишлиевски;

20. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)

Играч на Воска додаде топка до свој  соиграч во шеснаесетникот на Беса централно од голот, пред да ја прими топката на него стартуваше од зад грб со силен интензитет во долниот дел од нозете играч од одбраната на Беса и направи прекршок. Исправна одлука на судијата, досудено удар од 11 метри и доделен жолт картон.

На натпреварот ФК Тетекс - ФК Кораб одигран на 07.05.2022 година, анализирана е ситуацијата од 33 минута;

Главен судија: Никола Иванов; Помошни судии: Андреј Ќамилов и Драган Јончевски;

33. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)

Играч од нападот на Тетекс ја имаше во посед топката и беше во налет странично од голот и во шеснаесетникот на Кораб, на него стартуваше со лизгачки старт директно во ногата и без да ја допре топката играч од одбраната на Кораб. Исправна одлука на судијата, досуден удар од 11 метри, без дисциплинска мерка, бидејки стартот е странично од голот и не е ветувачка акција.

Судиска анализа за 26 коло од ВТОРА ЛИГА - ИСТОК

На натпреварот ФК Осогово - ФК Детонит одигран на 07.05.2022 година,анализирани се ситуациите од 90+8 и 90+9 минута;

Главен судија: Бартон Јосип; Помошни судии: Александар Ѓорѓевски и Дарко Јовчевски;

90+8 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАНИОТ СУДИЈА (Доделен ЦРВЕН картон)

Играч од нападот на Осогово, во близина голот на Детонит стратуваше со високо подигната нога (отворен ѓон) со јак интензитет во пределот на главата на играч од одбраната на Детонит. Исправна одлука на судијата, досуден слободен удар за Детонит и доделен ЦРВЕН картон за преостар старт.

90+9 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен втор жолт- ЦРВЕН картон)

Топката беше во прекин, играч на Осогово намерно со рака ја фрли топката во играч на Детонит. Исправна одлука на судијата, доделен жолт картон. Исправна одлука на судијата, доделен жолт картон за неспортска игра кој беше втор за играчот, автоматски на играчот му беше доделен ЦРВЕН КАРТОН.

На натпреварот ФК Победа - ФК Пехчево одигран на 07.05.2022 година, анализирана е ситуацијата од 68 минута;

Главен судија: Константин Влахо; Помошни судии: Дејан Димитриевиќ и Бојан Ивановски;

68. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен ЦРВЕН картон)

Играч на Пехчево на средина на теренот направи лизгачки старт со високо подигната нога (отворен ѓон) и со силен интензитет над играч на Победа. Исправна одлука на судијата, досуден слободен удар за Победа и доделен ЦРВЕН картон за преостар старт.

На натпреварот ФК Локомотива - ФК Братство одигран на 07.05.2022 година, анализирани се ситуациите од 74 и 90+4 минути

Главен судија: Пларент Салихи; Помошни судии: Бесар Абдули и Идриз Идризи;

74. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)

Играч на Братство ја имаше во посед топката странично во шеснаесетникот на Локомотива, на него неспретно стратуваше (сопнување) играч од одбраната на Локомотива. Исправана одлука на судијата, досуден удар од 11 метри без дисциплинска мерка.

90+4 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)

Играч од нападот на Локомотива ја имаше во свој посед топката во шеснаесетникот на Братство, сакајки да ја избие топката играчот од одбраната на Братство го нагази на нога и го собори играчот од нападот. Исправна одлука на судијата, досуден удар од 11 метри без дисциплинска мерка бидејки играчот не беше во ветувачка акција (свртен со грб накај голот).

На натпреварот ФК Беласица - ФК Слога Виница одигран на 07.05.2022 година, анализирани се ситуациите од 11, 28, 40, 68 и 85 минути

Главен судија: Стојан Трпчевски; Помошни судии: Драган Трпчевски и Душко Панов;

11. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Нема офсајд позиција)

Играч од нападот на Беласица додаде топка до свој соиграч во шеснаесетникот на  Слога, во моментот на додавање соиграчот беше во линија со  предпоследниот играч од одбраната на Слога и постигна гол. Исправна одлука на првиот помошен судија (тешка ситуација), нема офсајд позиција, голот е регуларен.

28. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)

Од изведен удар од агол, играч од Слога надвор од шеснаесетникот на Беласица прима топка и шутира кон голот на Беласица, топката удира играч од одбраната во телото (колкот) кој се наоѓаше во својот шеснаесетник. Исправна одлука на судијата играта да продолжи, нема елементи за удар од 11 метри (нема игра со рака).

40 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)

Играч од нападот на Беласица прима топка и шутира кон голот на Слога, топката при шутот го удира во рака која е во природна положба играчот од одбраната на Слога кој се наоѓа во својот шеснаесетник. Исправна одлука на судијата играта да продолжи, нема удар од 11 метри, раката е во природна положба.

68. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен втор жолт - ЦРВЕН картон)

Играч од нападот на Слога беше во ветувачка акција странично од голот на Беласица, на него стартуваше играч од одбраната на Беласица спречувајки ја акцијата. Исправна одлука на судијата, досуден директен слободен удар и доделен жолт картон за спречување ветувачка акција кој беше втор за играчот, автоматски на играчот му беше доделен ЦРВЕН КАРТОН.

85. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)

Играч од нападот на Слога имаше отворен простор пред себе и тргна во контра напад централно од  голот на Беласица, кога влезе во шеснаесетникот на Беласица беше стигнат од играч од одбраната на Беласица (тело до тело) и падна сакајќи да исценира контакт. Исправна одлука на судијата, играта да се прекине и да се додели жолт картон за симулација (нема елементи за удар од 11 метри).

На натпреварот ФК Каменица Саса - ФК Кожуф одигран на 07.05.2022 година, анализирана е ситуацијата од 30 минута;

Главен судија: Марјан Дејаноски; Помошни судии:Александар Недевски и Осман Зекири;

30. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ доделен црвен картон)

Два противнички играчи беа во дуел и борба за топка. Во тој дуел по инерција двата играчи и топката излегоа надвор од теренот за игра близу средишната линија. Во тој момент играчот на Каменица Саса намерно и со силен интензитет го удри играчот на Кожуф со клоца , од зад грб во пределот на задната ложа. Погрешна одлука на главниот судија да додели жолт картон. За овој неспортски потег требаше да се додели црвен картон за  насилничко однесување.

НА ОСТАНАТИТЕ МЕЧЕВИ ВО ВТОРАТА ЛИГА ЗАПАД НЕМАШЕ

ПРЕДИЗВИКУВАЧКИ СИТУАЦИИ ЗА АНАЛИЗА.




   
   
А репрезентација