Судијата Игор Стојчевски замена за повредениот Стојан Трпчевски на мечот Работнички - Струга Трим Љум

Објавено на 04 Ноември, 2022 во Вести


Судиската комисија на ФФМ информира дека има промена на главниот судија за претстојниот натпревар од 14. коло во Првата МФЛ помеѓу екипите на Работнички и Струга Трим Љум.

Главен судија на прволигашкиот меч требаше да биде Стојан Трпчевски, но поради повреда (истегнување на препони) на вчерашниот тренинг, нема да биде во можност да го суди натпреварот.

Како негова замена делегиран е судијата Игор Стојчевски. 

Натпреварот од 14. коло во Првата МФЛ помеѓу Работнички и Струга Трим Љум ќе биде одигран во недела, со почеток од 13. часот, на тренинг центарот „Петар Милошевски".




   
   
А репрезентација