Рок за пријавување за испит за стекнување со лиценца за ФИФА фудбалски агент

Објавено на 13 Август, 2024 во Вести

Рокот за пријавување на кандидати за испит за стекнување со лиценца за ФИФА фудбалски агент е во периодот од 19 август до 4 октомври 2024 година, а испитот ќе се одржи на 20 ноември 2024 година (за време и место дополнително ќе има известување).

Сите заинтересирани лица доколку не се уште регистрирани, да се регистрираат како нови, тоа можат да го направат на:

а) платформата: agents.fifa.com

б) апликантите треба да ги исполнуваат критериумите наведени во Правилникот за ФИФА фудбалски агенти.

в) успешно да го положат испитот кој го спроведува  ФИФА (електронски) во организација на ФФМ.

г) доколку успешно го положат испитот да го платат утврдениот годишен надоместок кон ФИФА во износ од 600 долари.

д) пред полагање на испитот да уплатат такса за организација на испитот кон ФФМ во износ од 250 евра во денарска противвредност, по среден курс на денарот на НБРМ денот на уплатата.

За сите прашања и информации во врска со стекнување со лиценца за ФИФА фудбалски агент можете да се обратите кај одговорното лице од ФФМ, Александра Ѓурчиновска, aleksandra.gjurcinovska@ffm.com.mk, тел: 075339716.




   
   
А репрезентација