Репрезентација до 17 години (жени): Домаќини на квалификациски турнир

Објавено на 28 Септември, 2016 во Вести


Женската репрезентација на Македонија до 17 години од 30. септември до 5. октомври 2016 година ќе ги одигра натпреварите од турнирот за пласман во елитна фаза за квалификации за Европското првенство за девојки до 17 години. Фудбалската федерација на Македонија го организира квалификацискиот турнир на кој покрај нашата репрезентација учествуваат женските селекциите на Австрија, Босна и Херцеговина и Северна Ирска.

За трите натпревари на Македонија, селекторот на женската млада репрезентација Тоше Нацев смета на следните фудбалерки:

Голмани: Суарта Рочи (Ас Јунајтед), Стоилковиќ Наталија (Речица); Одбрана: Гегова Драгана (Борец), Живиќ Јулија (Борец), Ѓорѓиева Теодора (Борец), Белистојановска Марија (Топ Гол), Јошевска Христина (Атлетико), Граматикова Сара (Тиверија); Среден ред: Дервиши Рабија (Драгон 2014), Ѓорѓиоска Јована (Топ Гол), Петрушевска Кристина (Борец), Ѓорѓиевска Марија (Борец), Положани Синдис (Ас Јунајтед), Петровска Теодора (Топ Гол), Викторија Кирјанова (Ас Јунајтед); Напад: Џевалекова Марија (Тиверија), Николова Ивана (Тиверија), Николовска Анастасија (Речица), Тодоровска Александра (Кочани), Димоска Теодора (Драгон 2014);

Првиот натпревар нашата женска репрезентација ќе го одигра на 30. Септември со почеток во 15:00 часот против Австрија. Дуелот ќе се игра на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

На 2. октомври играме против Северна Ирска, а турнирот го затвораме со пресметката на 5. октомври против Босна и Херцеговина. Своите натпревари репрезентациите на Северна Ирска, БиХ и Австрија ќе ги одиграат на стадионот „Борис Трајковски“ во населбата Маџари.




   
   
А репрезентација