Масар Омерагиќ во посета на Битола: Целта ни е Битола да биде подготвена и достојно претставена како домаќин на македонските репрезентации

Објавено на 13 Мај, 2025 во Вести


Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, заедно со претседателот на ОФС Битола, Златко Талевски, во Битола оствари работна средба и состанок со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Целта на посетата беше увид во состојбата на стадионот „Петар Милошевски“, како дел од подготовките за квалификацискиот натпревар на репрезентациите на Македонија и Италија до 21 година, закажан за 9. септември во Битола.

Фудбалската федерација на Македонија интензивно работи на исполнување на сите технички и инфраструктурни критериуми, согласно утврдени стандарди, со цел стадионот во Битола да добие лиценца за организација на УЕФА меѓународни натпревари.

Претседателот Масар Омерагиќ со градоначалникот Тони Коњановски, разговааа за заедничка координација и обврските на општината и ФФМ во подготовките.

Ќе направиме сѐ што е потребно стадионот во Битола да ги исполни сите критериуми и да добие УЕФА лиценца. Целта ни е Битола да биде подготвена и достојно претставена како домаќин на меѓународни натпревари на македонските репрезентации.“





   
   
А репрезентација