Објавено на 14 Мај, 2025 во Вести, А репрезентација жени
Резултатот беше отворен во последната минута од првото полувреме со голот на Огочукву Охадиле. Нигеријката ја искористи лошата одбрана на струмичанки кои направија неуспешна офсајд замка и следуваше атрактивен лоб-гол на Охадиле за 1:0.
Девојките од Тетово во одличен момент го удвоија водството. Дадоа и втор гол на стартот на второто полувреме и одново стрелец беше Охадиле, одново со лоб удар. По лошата реакција на голманката на Тиверија, нигериската напаѓачка ја смести топката во мрежата за 2:0 во 49. минута. Стрелец на третиот погодок беше Ева Величковска која ги постави конечните 3:0 во 89. минута.
За Љуботен ова е третиот во низа од Купот на Македонија. Тиверија Брера остануваат на пехарот освоен во сезоната 2017/18. Поразени во финалето беа уште двапати во 2016/2017 и 2018/2019.
Фудбалерките на Љуботен третпат во низа го освоија трофејот во Купот на Македонија. Во денешното финале, Љуботен славеше...