Објавено на 13 Мај, 2025 во Вести
Поради одигрувањето на финалниот натпревар од Купот на Македонија на 21. мај 2025 година, Комисијата за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за промена на термините за одигрување на последните кола од натпреварувањата во Првата и Втората македонска фудбалска лига.
Прва МФЛ - 33. коло (последно):
Сите натпревари од последното коло ќе се одиграат во сабота, 17. мај 2025 година, со почеток во 17:00 часот.
Воедно, Ве информираме дека натпреварите:ФК Воска Спорт АД - ФК Шкупи 1927 АД и ФК Вардар АД - КФГ Гостивар АД нема да се одиграат, бидејќи екипите на ФК Воска Спорт АД и КФГ Гостивар АД се дисквалификувани од понатамошното натпреварување во Првата МФЛ.
Втора МФЛ - 30. коло (последно):
Последното коло во Втора МФЛ ќе се одигра во недела, 18. мај 2025 година, со почеток во 17:00 часот.
ФФМ ги повикува сите клубови навремено да ги усогласат своите активности со изменетите термини.