Македонската репрезентација до 19 години го одигра вториот од двата контролни натпревари против селекцијата на Босна и Херцеговина. На тренинг центарот „Петар Милошовески" нашите фудбалери издвојуваа победа со 2:0.
На првиот од двата контролни натпревари на репрезентацијата до 19 години, против Босна и Херцеговина во рамки на подготовките за квалификациите за европско првенство, нашата репрезентација изигра нерешено со 2-2.