Објавено на 31 Октомври, 2017 во Вести, До 19 год
Македонската репрезентација до 19 години од 8. до 14. ноември во Скопје ќе ги одигра натпреварите од квалификацискиот турнир за пласман во УЕФА Елитна рунда за Европско првенство. Македонија е во група со Белгија, Швајцарија и Лихтенштајн. Селекторот на Македонија до 19 години, Вујадин Станојковиќ за натпреварите на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе смета на следните 22. фудбалери:
Голмани: Христијан СТЕВКОВСКИ (Скопје), Благојче ИВАНОВ (Силекс), Методија ВЕЛКОВСКИ (Вардар);
Одбрана: Агрон РУФАТИ (Локомотива Загреб, Хрватска), Антонио МИТРЕВ (Балзан, Малта), Филип АНТОВСКИ (Вардар), Тодор ТОДОРОСКИ (Вардар), Филип ТРАЈАНОВСКИ (Хакен, Шведска), Кирил РИСТОВСКИ (Борец), Оливер СТОИМЕНОВСКИ (Карабах, Азербејџан);
Среден ред: Марко ФЕРУКОСКИ (Офенбах, Германија), Димитар МИТРОВСКИ (Спортинг Лисабон, Португалија), Јани АТАНАСОВ (Академија ПАНДЕВ), Енис ФАЗЛАГИЌ (Шкендија), Стефан БОГДАНОВСКИ (Спартак Трнава, Словачка), Дарко ЧУРЛИНОВ (Келн, Германија), Елиф ЕЛМАС (Фенербахче, Турција), Миле ТОДОРОВ (Работнички), Филип СТОЈЧЕВСКИ (Вардар);
Напад: Кристијан ТРАПАНОВСКИ (Славија Прага, Чешка), Бојан МИОВСКИ (Карабах, Азербејџан), Бојан КОЛЕВСКИ (Вардар);
На 8. ноември турнирот го отвораме против Швајцарија со почеток во 13:00 часот, во истиот термин на 11. ноември играме со Белгија, а последниот дуел на 14. ноември исто така во 13:00 часот го играме против Лихтенштајн.Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....