Репрезентација до 18 години: Два натревари со Азербејџан во Баку

Објавено на 07 Април, 2017 во Вести, До 19 год


Македонската репрезентација до 18 години ќе одигра два контролни натпревари против Азербејџан на гостински терен. Селекцијата предводена од Вујадин Станојковиќ патува во Баку каде ќе одигра два меча со соодветната селекција на Азербејџан. На списокот за подготвителни средби Станојковиќ ги повика следните фудбалери:

Голмани: Христијан Стевковски (ФК Скопје), Благојче Иванов (ФК Металург); Одбрана: Руфати Агрон (ФК Локомотива Загреб), Митров Антонио (ФК Црвена Звезда); Филип Антовски (ФК Вардар). Тодоровски Тодор (ФК Вардар), Ристовски Кирил (ФК Работнички) иМаневски Михаил (Академија Пандев); Среден ред: Феруковски Марко (ФЦ Офенбах Кикерс), Делевски Христијан (ФК Академија Пандев), Филип Стојчевски (ФК Вардар), Фазлагиќ Енис (ФК Шкендија), Маневски Бане (ФК Локомотива Белград), Бојан Миовски (ФК Брегалница) и Кристијан Трапановски (ФК Академија Пандев); Напад: Никола Богдановски (ФК Телеоптик Белград), Станковски Марио (ФК Работнички) и Колевски Бојан (ФК Вардар);

Натреварите со Азербејџан ќе се играат на терените во фудбалскиот центар во Баку. Првиот натпревар е закажан за 11. април со почеток во 15:00 часот, а втората средба се игра два дена подоцна во истиот термин. На овие две средби нема да настапат тројцата влијателни фудбалери од оваа генерација: Елмаз Елиф (Работнички) и Дарко Чурлинов (Келн) кои имаат клупски обврски, додека Димитар Митровски (Спортинг)  има повреда на коленото.

-Продолжуваме со серијата на контролни натревари. Средбите со Азербејџан се уште една можност подобро да се подготвиме за главниот предизвика, а тоа е квалификацискиот турнир во Македонија. Имаме силна група во која се Белгија, Швајцарија и Лихтенштајн. Отуството на Димитар Митровски, Елиф Елмас и Дарко Чурлинов е можност да им дадеме шанса и на другите фудбалери. Се надеваме на добра игра, изјави селекторот Вујадин Станојковиќ.




   
   
А репрезентација