Објавено на 06 Јуни, 2017 во До 19 год
Младата репрезентација на Македонија до 18 години на тренинг центарот „Петар Милошевски” го одигра првиот од двата контролни натпревари против селекцијата на Словачка. Во еден интересен дуел ова попладне противникот успеа да издвојува минимална победа со 1:0.
Првиот дел беше интересен, со отворена игра и неколку добри ситуации пред двата гола, меѓутоа реализацијата изостана. Најзрелата прилика за нас ја имаше Кристијан Трапановски во последните минути од првото полувреме.
Во продолжението од средбата репрезентацијата на Словачка постигна погодок кој беше одлучувачки на овој натпревар. Стрелецот на голот беше Доминик Гулаж. И во вториот дел репрезентацијата предводена од Вујадин Станојковиќ имаше свои шанси, но истите не беа искористени.
РЕПРЕЗЕНТАЦИИ ДО 18 ГОДИНИ:
МАКЕДОНИЈА – СЛОВАЧКА 0:0 (0:0)
Тренинг центар, „Петар Милошевски”, Скопје
МАКЕДОНИЈА:Христијан Стевковски, Тодор Тодоровски, Михаил Маневски, Енис Фазлагиќ, Агон Руфати, Кирил Ристовски, Дарко Чурлинов, Јани Атанасов, Никола Богдановски, Бојан Колевски, Кристијан Трапановски;Селектор: Вујадин Станојковиќ;
Клупа за резервни играчи: Благојче Атанасов, Филип Атанасовски, Антонио Митрев, Бане Маневски, Марко Феруковски, Марио Станковски, Елиф Елмас;
СЛОВАЧКА: Доминик Такач, Владимир Мајдан, Доминик Спириак, Давид Филински, Јакуб Балаж, Мартин Беднар, Роберт Боженик, Бранислав Слука, Михаил Краловиц, Доминик Гулаш, Адам Копаш; Селектор: Милан Малатински;
Клупа за резервни играчи: Марек Бакош, Адам Бренкус, Давид Коцич, Матеј Мошко, Мартин Ковал, Марек Бобчек, Кристиан Флак;
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....