Објавено на 20 Април, 2024 во Вести
Фудбалската федерација на Македонија го одржува своето Редовно генерално Собрание. На Собранието пред присутните 58 од вкупно делегати, свое обраќање имаше претставникот на УЕФА, Јозеф Климент - советник за Национални асоцијации на УЕФА.
„Одржувањето на цврста врска помеѓу фудбалот од грасрут
и елитните натпреварувања e во срцето на новата шестгодишна стратегија на УЕФА,
„Обединети за успех“. Со оваа стратегија УЕФА има за цел да го продолжи растот на фудбалот на
нашиот континент со тоа што ќе обезбеди различност и вклученост на сите нивоа. Убедени
сме дека приоритетите од новата стратегија ќе ја водат нашата убава игра во понатамошен раст и
развој во Европа и ќе ги зачуваат принципите на спортски дух и еднакви можности
во сите 55 асоцијации членки на УЕФА“.
„ФФМ е една од нив и искрено можам да кажам, една од најбрзо развојните национални асоцијации. Оваа година е многу посебна година бидејќи ја славите 30-годишнината откако станавте член на фудбалското семејство на ФИФА и УЕФА.
Оттогаш, многу работи се сменија и на картата на вашата земја се појавија многу нови и реконструирани стадиони и терени. Многу сум среќен што, исто така, благодарение на средствата од програмата Хет-Трик на УЕФА, фудбалската инфраструктура во вашата земја постојано се подобрува што создава добри услови за подготовка не само за вашите национални тимови, туку и за започнување нови грасрут проекти за зголемување на учеството на момчињата и девојчињата и за поттикнување на талентирани елитни младински играчи кои се уште една стратешка цел на вашата федерација.
На теренот, овој процес ги донесе своите плодови кога вашите национални тимови до 17 и до 19 години стигнаа до елитните рунди на натпреварувањата на УЕФА, тимот до 21 година го имаше своето деби во финалето на Европското првенство до 21 година во 2017 година и конечно кулминираше со националниот А тим кој обезбеди прво големо учество на финалниот турнир на УЕФА ЕУРО 2020 година.
Благодарение на сите овие достигнувања, ФФМ стана добро препознаена и почитувана од УЕФА. Би сакал да ви честитам за ова и во исто време да ви посакам се најдобро и многу ентузијазам за вашите понатамошни активности во развојот на фудбалот во вашата земја.
И запомнете, УЕФА е секогаш покрај вас подготвена да помогне и со нетрпение ја очекуваме нашата соработка во иднина“.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....