Работен состанок на Комисијата за безбедност при ФФМ со комесари и заменици-комесари за безбедност на клубовите од Првата МФЛ

Објавено на 04 Август, 2023 во Вести


Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија се одржа работен состанок меѓу претставници на Комисијата за безбедност во федерацијата и комесари и заменици-комесари за безбедност на клубовите од Првата МФЛ. На состанокот беа присутни и претставници на МВР.

Главна тема на состанокот беше почетокот на есенскиот дел од натпреварувачка сезона 2022/2023, а се дискутираше и на актуелни теми кои можат да придонесат за развој на натпреварувањето. На состанокот беше разгледан извештајот за безбедност на натпреварите во во изминатиот период.

Зоран Саздов, член на Комисија за безбедност при ФФМ:

- Комисијата за безбедност при ФФМ работејќи според ,,Правилникот за безбедност и сигурност на фудбалски натпревари,, пред секоја натпреварувачка сезона организира работни состаноци со претходно назначените комесари и заменици комесари за безбедност од страна на фудбалските клубови, со цел запознавање, укажување и елаборирање со одредени правилници и постоечки закони.

-Како заклучок може да се каже дека организирањето на фудбалски натпревари од страна на клубовите е во подобра состојба од минатиот период, прекршоците и инцидентите се во помал број, но сеуште на одредени натпревари од страна на поединци или навивачки групи има инциденти кои се со употреба на пиротехника, пеење на песни кои предизвикуваат национална и верска омраза, фрлање на предмети во терен итн.

Одделот за безбедност и инегритет и Комисијата за безбедност при ФФМ,  максимално се залагаат преку состаноци, координација, укажување, помош, соработка со комесарите за безбедност и претставниците на МВР да им помогнат на клубовите да ги организираат фудбалските натпревари безбедно и сигурносно.Во делот на добра организација е исто така важна инфраструктурата на стадионите каде се одигруваат натпреварите"






   
   
А репрезентација