Објавено на 05 Декември, 2023 во Вести
Судиската комисија на ФФМ информира дека на заостанатите натпревари во рамките на 15. коло од Прва МФЛ ќе има промена на судии. Мечевите Струга Трим Љул - Воска и Силекс - Вардар не беа одиграни изминатиот викенд поради лоши временски услови. Овие натпревари од 15. коло ќе се одиграат утре ( 6 декември ) со почеток во 13. часот.
На дуелот Струга Трим Љум - Воска, на местото на Стојан Трпчевски ќе биде Игор Стојчевски како главен судија. Во вториот дуел помеѓу Силекс и Вардар, на местото на асистент судија, Даниел Василевски ќе биде замена на Мартин Петковски
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....