Македонија до 21 одигра нерешено против Косово на втората контролна средба одиграна во Скопје

Објавено на 31 Мај, 2025 во Вести


Репрезентацијата на Македонија до 21 година и на втората контролна средба против соодветната селекција на Косово одигра без победник, со идентичен резултато 0:0.

Двете репрезентации одигра доста борбен натпревар, со многу трчање и тактичко надмудрување. Одбраните на двете селекции беа на едно високо ниво.

За потсетување, пред три дена двете селекции одигра контролен натпревар во Приштина, кој заврши нерешено 0:0.

Во почетокот на септември официјално почнува квалификацискиот циклус за пласман на ЕП. Нашата селекција во првото коло на гости ќе игра против Полска.

МАКЕДОНИЈА: Љупче Џеков, Давид Даилоски (Андреј Аризанкоски), Анес Мелиќи, Ѓорге Џеков, Меметриза Хамза, Димитар Данев, Матеј Ангелов, Адриан Зенделовски (Теодор Николовски), Кире Стојанов (Никола Манојлов), Матеј Гаштаров, Михаил Талевски (Димитар Трајков);

Селектор: Горан Станиќ;




   
   
А репрезентација