Објавено на 30 Мај, 2025 во Вести, Детски лиги
Викендот што следува, (31. мај и 01. јуни) тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе се одржи финалниот турнир од Детска Лига за сезона 2024/25.
Почнувајќи од сабота во 09:00 часот, а заклучно со недела во 17:30 часот на тренинг центарот учество ќе земат најуспешните 96 екипи од цела Македонија, поделени во 6 натпреварувачки категории (2012/2017). Ова е само завршница на годинешното издание на ФФМ Детските Лиги каде сезонава имавме учество на 145 клубови и 686 екипи со повеќе од 10.000 млади фудбалери кои имаа можност да се натпреваруваат секоја недела во рамките на своите региони.
На учесниците им посакуваме среќа на претстојните натпревари и истите да поминат во духот на фер-плејот, а воедно упатуваме отворена покана за присуство до сите заинтересирани.
Во продолжение можете да го погледнете распоредот за финалниот турнир:
Детска лига - финале (распоред).pdf