Објавено на 08 Јуни, 2022 во Вести
Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски и репрезентативецот, Столе Димитриевски на официјалната прес-конференција во пресрет на утрешниот натпревар против Грузија ги споделија своите очекувања за мечот од трето коло од групата во Лига на нации.
Благоја Милевски - селектор на македонската А реперезентација:
„Овој период е таков каквов што е. Не може да бараме натпреварувачка форма од играчи кои се надвор од форма. Не гледам ништо поразлично од претходните два меча. Се што е поминато е историја, секој нареден меч е следниот предизвик и шанса за нова победа. Ќе се потрудиме да бидеме подобри утре во одмос на претходните два меча. Има разлика од оваа Грузија во однос на Грузија од нашите минати дуели. Имаат нов селектор, нова визија, нема ништо слично од она што беше и ова што не чека. Не се оптеретуваме многу од важноста на утрешниот меч. Да се даде максимумот и да се постигна успех“.
„Ппосакуваме исполнет стадион кој ќе биде додатен стимул за нас како тим, да ја осетиме таа домашна публика. Поддршката ни е многу потребна. Победаа од 5:2 над Бугарија моѓже и не мора да значи ништо. Очекувам поразличен меч од оној нашио со Бугарија и оној нивниот.
„Секако, го анализирав и не само тој туку и претходиоте дуели. Одличен тим, одлични индивидиалци. Одличен меч со Бугарија одиграа но секој меч е различна приказна. Ќе видиме што ќе се случи утре.
„Тој меч во Грузија нема никаква конекција со овој сега и не би се навраќал сега на таа средба. И како тим и како индивидиално Грузија има квалиотет кој ако им го дозволиоте да го покажат ќе знаат да бидат опасност. Но за тоа треба да им се дозвволи такво нешто а Македонија е таа која се прашува на утрешниот меч“
Столе Димитриевски, репрезентативец на Македонија:
„Сакам полн стадион, сакам голема, најголема подршка. Со публиката и со нашиот квалитет ќе биде полесно да слаиме со побед. Јас секогаш сум пресреќен кога играм дома. Со полн стадион ќе ни биде полесно како што тоа било и во минатото“.
„На секој меч се спремам да го дадам максимумот и да имам празна мрежа. Грузија ја гледам како сериозна селекција која има голем напредок од ној наш меч во Тбилиси. Тоа што даваат многу голови тоа не ме плаши. Знаеме и ние да даваме и знам како работиме во одбраната. Утре со наша празна мрежа ние ќе го добиеме натпреварот„.