Објавено на 20 Октомври, 2021 во Куп на Македонија, Вести
Денеска беа одиграни натпреварите од 1/8 финалето од Купот на Македонија. Вардар, Македонија Ѓ.П, Пелистер и Струга Трим Љум по изведување пенали обезбедија место меѓу осумте најдобри екипи во куп натпреварувањето. Екипата на Шкендија беше убедлива во локалното дерби против Ренова, а актуелниот бранител на трофејот, тимот на Силекс беше подобар од Беласица во Струмица.
КУП на МАКЕДОНИЈА - 1/8 финале:
Академија Пандев - Македонија Ѓ.П. 4:5 по изведување пенали (1:1)
Брегалница - Охрид 4:0
Пелистер - Работнички 5:4 по изведување пенали (0:0)
Шкендија - Ренова 5:0
Шкупи - Тиквеш 1:0
Струга Трим Љум - Борец 5:4 по изведување пенали (1:1)
Вардар - Скопје 4:2 по изведување пенали (0:0)
Беласица - Силекс 2:4