Пехарот од УЕФА Супер Куп дел од настанот Специјална Олимпијада на Македонија со поддршка од ФФМ

Објавено на 27 Мај, 2017 во Вести, UEFA Super Cup


Специјална Олимпијада на Македонија со поддршка на ФФМ го одбележува почетокот на Еворпската недела на фудбал, иницијатива која потекнува од 2000 година, и во која до денес се вклучени 50 земји.

На овој настан учество земаа 120 атлети од 4 дивизии кои во рамки на редовните активности на Специјална Олимпијада на Македонија тренираат фудбал во своите центри и училишта.

Настанот го отвори Ана Зафирова, член на Управниот Одбор на Специјална Олимпијада на Македонија, а во име на Фудбалскатата Федерација на Македонија атлетите ги поздрави директорот на Македонската Фудбалска Репрезентација, легендата на Македонискиот Фудбал Саша Ќириќ.


Многу се радувам што ве гледам во Куќата на Фудбалот. Ми претставува особена чест да ви посакам добредојде и среќен сум што во име на Фудбалската Федерација на Македонија можам да ги отворам вратите на нашиот тренинг центар за одбележување на Европската недела на фудбал.

Фудбалот е игра за сите, и е игра која со своите вредности на фер игра и респект ги вклучува сите.

Би сакале да ја искористиме оваа можност да ја споделиме нашата радост, среќа и гордост што УЕФА Супер Купот, едно од трите најголеми европски натпреварувања ќе се одржи во Скопје.

Трофејот на Супер Купот е во Скопје, како најава за магијата што ќе се случува на 8ми август. Среќни сме што сме во можност да ви обезбедиме едно трајно сеќавање преку фотографиите кои ќе бидат направени со големиот европски трофеј.

Нека нѐ обедини радоста што ја носи фудбалот!

Уживајте во натпреварите денес, за мене сите сте победници! - истакна Саша Ќириќ


Официјално настанот го отвори капитенот на фудбалската репрезентација на Специјална Олимпијада Македонија, Ѓоко Сурловски, со заклетвата на СПецијална Олимпијада.






   
   
А репрезентација