Одржан редовниот работен состанок на Комисијата за натпревари со делегати на Прва и Втора МФЛ

Објавено на 10 Август, 2023 во Вести


Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија, денеска во хотел „Хилтон“ во Скопје го организираше редовниот семинар за делегати на мечевите од Прва и Втора МФЛ.

На семинарот се дискутираше за новата натпреварувачка сезона 2023/24, одговорностите и обврските на делегатите на самите натпревари, безбедноста и заштитата на интегритетот на натпреварите, како и промената на одредени точки во Пропозициите за Прва МФЛ, Втора МФЛ и Куп натпреварите, односно нивното дополнување.

Игор Франговски, претседател на Комисијата на натпреварување при ФФМ.

 Делегатите на натпреварите се многу важен и суштински дел на Комисијата за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија. Целта на овој работен семинар е подобрување на нивното целокупно знаење, односно фокус на одредени делови и сегменти на работата на службените лица што треба да се подобрат за подобра и мирна организација на натпреварот. Делегатите треба континуирано да напредуваат, да го подобруваат и усовршуваат своето знаење. Имаат голема одговорност пред, за време и после натпреварот. Мора да бидат целосно фокусирани, концентрирани и одговорни при извршувањето на своите обврски, а се со цел да може да се организира мечот на најдобар можен ред и без проблеми."

На редовниот работен состанок, беше одржано предавање од страна на членот на судската комисија за едукација и анализа при Фудбалската федерација на Македонија, Марјан Кироски, со кое беа објаснети измените во правилата на фудбалската игра за новата сезона во македонскиот фудбал и усогласувањата со УЕФА критериумите при неспортско однесување на клупата за резервни фудбалери.






   
   
А репрезентација