Одржан работен состанок со родителите на младите фудбалери од ФФМ Академијата

Објавено на 16 Август, 2023 во Вести


Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија се одржа работен состанок со родителите на децата од генерацијата 2010 во рамките на ФФМ Академијата.

Од денеска официјално започнува престојот на овие млади фудбалери во Академијата на ФФМ.

Менторот на генерацијата на млади фудбалери, Виктор Палоски даде свој коментар околу денешниот настан.

„Се надевам дека ќе имаме добра соработка со децата, а пред се посакувам одлична комуникација со нивните родители. На денешниот состанок родителите на децата беа запознаени со куќниот ред , правилата, хиерархија и обврските што треба да ги исполнат децата за време на нивниот престој во ФФМ Академија. Се надевам дека ќе успееме да создадеме нови фудбалери кои ќе бидат едни од носителите на играта во своите клубови и дресот со државен грб и достоинтствено ќе ги бранат боите на репрезентацијата. Им посакувам успешен престој на овие млади фудбалери, да имаат одлична година зад себе, да ги откријат вистинските вредности, да растат и да се развиваат во вистинската насока."

Генерацијата на млади фудбалери родени 2010. година од Академијата на Фудбалската федерација на Македонија одржаа тренинг камп во Дојран од 28. јули до 4. август. и тренинг камп во Кичево во периодот од 7 до 13 август.

Фудбалерите на првиот тренинг камп во Дојран го имаа првото запознавање со стручниот тим од академијата на ФФМ предводен од Неџат Шабани. 





   
   
А репрезентација