Одиграни првите средби во Група Ц

Објавено на 09 Септември, 2014 во Квалификации ЕУРО 2016


Покрај натреварот Шпанија-Македонија (5:1) беа одиграни уште две средби од нашата група. На стартот на квалификацискиот циклус за ЕП 2016 , на овие две сребди беа постигнати следниве резултати: Украина-Словачка 0:1 и Луксембург-Белорусија 1:1.

Луксембург- Белорусија 1:1

Според многумина селекцијата на Луксембург го направи изненадувањето на  вчерашните дуели.  Тие на нивни терен стигна до бод во натреварот со фаворитот Белорусија. Во финишот на првото полувреме, во 43 минута, домашната селекција стигна до водство од 1:0 . По асистенцијата на Да Моте голот за Луксембург го постигна Герсон.

Белорусија се мачеше , а нивните многубројни напади не го дадоа посакуваниот резултат се до 78 минута. Калачев го пронајде Драхун по што  конечно белоруската селекциија постигна гол. Повеќе од тоа со репрезентацијата на која единствена цел и беше одбраната  едноставно не се можеше.

http://ourmatch.net/videos/08-09-2014-luxembourg-1-1-belarus/

Украина-Словачка 0:1

Репрезентацијата на Словачка со минимална победа го отвори квалификацискиот циклус  на гостувањето во Украина. Единствениот погодок на овој натревар постигнат во раната фаза од средбата. Марек Хамшик го проиграл Мака. Тој со прецизен удар од работ на шеснасетникот успеа да го совлада домашниот голман Пјаотв.

До крајот на средбата Украина беше доминантна. Особено во вториот дел, но нивните напади не дадоа резултат. Словачка го задржа водството и стигна до важни три бода на ова незгодно гостување.

http://ourmatch.net/videos/08-09-2014-ukraine-0-1-slovakia/

Вака изгледа официјалната табела од групата Ц по првото коло од квалификациите:


Репрезентација

Натпревари

Поени

Словачка

1

3

Шпанија

1

3

Белорусија

1

1

Луксембург

1

1

Македонија

1

0

Украина

1

0

Во второто коло на 9 октомври, 2014 г. ќе бидат одиграни следните натпревари:

Белорусија - Украина

Македонија - Луксембург

Словачка - Шпанија

Сите натпревари се закажани со почеток во 20:45 ч.



   
   
А репрезентација