Објавено на 04 Јуни, 2022 во Вести
Денес 04.06.2022 на ФФМ тренинг центарот одиграни финалните натпревари од проектот "Училишен фудбал за девојчиња". Активностите во изминатите 3 месеци се одвиваа во 24 училишта каде повеќе од 500 девојчиња од 4то и 5то одд. имаа можност да бидат вклучени во континуиран тренажен процес раководен од нивните наставници по ФЗО и тренерите од женските фудбалски клубови од нивните реони, а воедно и да се запознаат со програмата за работа на ЖФК и можностите кои тие ги нудат за продолжување со тренинзи на редовна основа во рамки на вклучените женски фудбалски клубови.
Најуспешни во оваа сезона беа ученичките од ООУ Кирил и Методиј од Македонска Каменица, за што ФФМ им честита.
Воедно упатуваме и благодарност до сите кои девојчиња, нивните одделенски наставници и особено до наставниците под ФЗО и тренерите од ЖФК кои дадоа свој несебичен придонес во реализацијата на активностите. На сите ученички кои ќе продолжат да тренираат фудбал или веќе го прават тоа, им посакуваме многу среќа и успех во нивниот фудбалски пат.