Нова недела, нови фудбалски активности во голем број училишта во рамките на проектот

Објавено на 04 Мај, 2022 во Вести


Фудбалската федерација на Македонија во соработка со ФУСМ (Федерација на училишен спорт) и понатаму продолжува да го поддржува  проектот за училишен фудбал со кој им се овозможува на најмладите активно да учествуваат, да се дружат и да играат фудбал. Преку промоцијата на овој проект, ФФМ се обидува да им овозможи на најмладите да имаат контакт со овој спорт, да создаваат нови пријателства, да ги изучуваат основните вредности.

Голем број на училишта и оваа недела продолжија да го промовираат проектот за училишен фудбал преку разни физички активности.


Учениците од екипите на Спортико и Супер Стар од ООУ " Даме Груев - Градско, заедно со наставниците по ФЗО Златко Стојковски,Сашко Радевски и Наташа Коцева Атанасова ги реализираа своите натпревари.


Учениците од екипите на Топ Тим и Талент од ООУ " Даме Груев - Градско, заедно со наставниците по ФЗО Златко Стојковски,Сашко Радевски и Наташа Коцева Атанасова ги реализираа своите натпревари.


Учениците од 2,3,4 и 5 одделение при ООУ"Никола Карев "-Кочани под менторство на проф.Оливер Јовановски ги реализираа своите активности.


Учениците од 4 и 5 одделение при ООУ„Никола Вапцаров" - Струмица, ја реализираа активност на ден 03.05.2022 заедно со наставничката по ФЗО Верица Аљокова Накова.







   
   
А репрезентација